Достапни линкови

Трамп со силна поддршка за НАТО


Прв говор на Доналд Трамп во Конгресот
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:39 0:00

Прв говор на Доналд Трамп во Конгресот

Американскиот претседател Доналд Трамп сигнализира силна поддршка за НАТО и побара големо зголемување на воените трошоци во ветувањето дека ќе ја надгледува „обновата на американскиот дух“. Во неговиот прв говор пред двата дома на Конгресот тој ги повтори предизборните ветувања за здравствената заштита и имиграцијата.

Претседателот Трамп потенцираше дека американските градови биле игнорирани, дека американските работници страдаат и оти трошоците за здравствена заштита се огромни.

Тој во говорот се осврна и врз неколку цели на американската надворешна политика при што го повтори неговиот повик за уништување на „радикалниот исламски тероризам“, особено милитантите на Исламската држава.

„Му наредив на Министерството за одбрана да развие план за уривање и уништување на ИСИС - мрежа на нелегални дивјаци кои колат муслимани и христијани, и мажи, жени и деца од сите вери и верувања . Ќе работиме со нашите сојузници, вклучувајќи ги и нашите пријатели и сојузници во муслиманскиот свет, да го искорениме овој грд непријател од нашата планета“, рече Трамп.

За време на изборната кампања Трамп го покрена прашањето за американската посветеност на главната цел од договорот на НАТО дека напад врз една членка се смета за напад врз сите членки во Алијансата.

Но, во говорот пред парламентот тој изрази силна поддршка на НАТО.

„Ние силно го поддржуваме НАТО, сојуз искован во врските во двете Светски војни, кој го детронизираа фашизмот и Студената војна и кој го победи комунизмот“, рече тој.

Притоа Трамп ја повтори забелешката за порамномерна распределба на трошоците за одбраната.

Тој додаде дека на Конгресот му предлага буџет со кој, како што рече, бара најголемо зголемување на трошоците за одбрана во американската историја. Трамп вети ново поглавие на америкнската величина.

„Времето за мали размислување е завршено. Времето за тривијални борби е зад нас. Ни треба само храброст да ги споделиме соништата кои ги пополнат нашите срца“, изјави Трамп, наведувајќи дека од сега натаму Америка ќе биде водена од американските аспирации.

„Мојата работа не е да го претставувам светот. Мојата работа е да ги претставувам Соединетите американски држави. Но знаеме дека Америка е подобра кога има помалку конфликти, не повеќе“, изјави Трамп во неговиот прв говор во Конгресот откако ја презеде функцијата во јануари годинава.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG