Достапни линкови

Трамп и неговата прва година во светската политика


Каква беше првата година на Трамп на светската сцена?
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:14 0:00

Каква беше првата година на Трамп на светската сцена?

На 20 јануари завршува првата годишнина на Доналд Трамп како претседател на САД. Година обележана со зголемени тензии со Северна Кореја, повлекување на Вашингтон од Парискиот климатски договор и прашања во врска со наводното влијание на Русија врз американските претседателски избори.

„Јас, Доналд Џон Трамп, се колнам ...“.

Кога Доналд Трамп положи свечена заклетва како 45-ти претседател на САД, тој му најави на светот дека со „нова визија“ ќе ја води американската надворешна политика.

„Од овој ден натаму ќе биде Америка на прво место, Америка на прво место“.

Трамп брзо ги преточи неговите зборови во акција. Се повлече од Договорот од Париз за климатските промени и од Договорот за Транс Пацифичко партнерство, наведувајќи дека се нефер спрема САД.

Но, на својот прв состанок со рускиот претседател Владимир Путин на самитот на Г-20 во Хамбург во јули, Трамп излезе со помирен тон.

„Со нетрпение очекуваме многу позитивни работи за Русија, за САД и за сите засегнати страни“.

Како и да е, Трамп ги одржуваше санкциите против Русија, за анексијата на полуостровот Крим, а администрацијата одобри комерцијална продажба на смртоносно оружје за Украина.

Руска сенка врз претседателските избори

Повеќе истраги за наводното руско мешање во претседателските избори ја одбележаа првата година од функцијата на Трамп.

Трамп го отпушти директорот на ФБИ Џејмс Коми, во мај, но потоа Роберт Мулер беше назначен за специјален советник за продолжување со истрага за наводното мешање на Русија, нешто што и Путин и Трамп постојано го отфрлаат. Трамп тогаш рече:

„Немаше заговор помеѓу кампањата на Трамп и Русите или меѓу Трамп и Русите. Не постои дослух".

Нуклеарните проблеми со Северна Кореја и Иран

Друг голем предизвик во надворешната политика дојде од Северна Кореја.

Тензиите ескалираа откако Пјонгјанг спроведе серија ракетни тестови и го детонираше својот најмоќен нуклеарен уред досега.

Трамп размени навреди со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун на Твитер, предупредувајќи го дека има „поголемо и помоќно“ нуклеарно копче.

„Најдобро за Северна Кореја е да не им се заканува на САД. Тие ќе се соочат со оган и бес, како што светот никогаш не видел“.

Трамп, исто така, издаде предупредувања до Иран.

Тој се закани дека ќе се повлече од нуклеарната спогодба што Техеран ја постигна со светските сили во 2015 година.

Арапскиот свет и борбата против екстремизот

На својата прва странска посета како претседател, Трамп отпатува за Саудиска Арабија, каде што се обиде да го обедини муслиманскиот свет за да го искорени екстремизмот.

Но, Трамп налути многумина на Блискиот Исток.

Прво, со забрана на луѓето од неколку претежно муслимански земји да ги посетат САД, а потоа и со признавањето на Ерусалим како главен град на Израел.

И покрај кампањата за ветување за минимизирање на американските воени интервенции во странство, Трамп во април покажа дека е подготвен да употреби сила.

Тој нареди ракетен напад врз сириската воздухопловна база по сомнителен хемиски напад и ја осуди поддршката на Русија за сирискиот лидер Башар ал Асад.

Трамп го продолжил курсот и во 16-годишната војна во Авганистан што ја наследи од неговите претходници.

Тој објави распоредување дополнителни 3.000 американски војници во Авганистан за да помогнат во борбите против бунтовниците.

НАТО трошоците за одбрана

Трамп, исто така, ја потврди поддршката на САД за НАТО и покрај тоа што претходно изјави дека воениот сојуз е застарен.

На својот прв самит на НАТО, тој го турна црногорски претседател и ги искара сојузниците поради тоа што не трошат доволно за одбраната.

„Ова не е праведно за луѓето и даночните обврзници на САД, и многу од овие земји должат огромни суми пари од минатите години и не плаќаат во изминатите години“.

По поминати 12 месеци на светската сцена, сојузниците и ривалите се подготвуваат за втора година од претседателството на Доналд Трамп.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG