Достапни линкови

Трамп го враќа договорот со Иран во Конгресот


Трамп со критики за нуклеарниот договор со Иран
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:55 0:00

Трамп со критики за нуклеарниот договор со Иран

Претседателот Доналд Трамп со поостра стратегија кон Иран. Во неговиот долгочекуван говор тој, според некои наводи, ќе соопшти дека нуклеарниот договор со Иран не ги исполнува американските безбедносни интереси, но нема да бара нови санкции врз Техеран.

Ваквиот потег на претседателот Трамп ја враќа топката назад до пратениците во Конгресот на Соединетите Држави за да решат што ќе се случува понатаму.

Тоа ги поставува републиканците на Капитол Хил во невообичаена и непријатна положба да се борат во одбрана на едно од најголемите постигнувања на поранешниот претседател Барак Обама. Причината?

Со договорот кој веќе е во сила и е силно поддржан од сојузниците, многу републиканци кои еднаш го мразеа дојдоа на идејата дека е подобро тој да биде зачуван и зајакнат отколку да биде поништен.

Трамп како претседателски кандидат редовно го критикуваше договорот со Иран, но наместо да го укине, неговиот говор ќе значи покренување на 60-дневна негова ревизија, период во кој Конгресот може брзо да одобри нови санкции врз Иран.

Тоа би можело да значи битка меѓу републиканците кои го поддржуваат договорот и јастребите кои сакаат да се ослободат од него.

Во тоа особена улога ќе има републиканскиот сенатор, Боб Коркер еден од најжешките критичари на Трамп.

Воопшто не е јасно дали ќе можат да работат заедно, особено по нивната бруталната твитерска расправа.

Републиканските пратеници, исто така, подготвуваат и други стратегии за тоа како да го спасат договорот со Иран, вклучително и туркање на Техеран во построги инспекции.

Тие, исто така, предлагаат нови санкции против иранските ненуклеарни активности за да покажат дека поддршката за нуклеарната спогодба не значи дека тие ќе бидат меки спрема Иран.

Со нуклеарниот договор постигнат во 2015 година меѓу САД, другите светски сили и Иран е ограничена иранската нуклеарна програма во замена за олеснување на економските санкции врз Техеран.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG