Достапни линкови

Трамп повтори дека Русија не му помогнала да победи на изборите


Трамп: приказната за Русија е целосна измислица
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:26 0:00

Трамп: приказната за Русија е целосна измислица

Претседателот на САД Доналд Трамп ги повтори нападите врз истрагата во врска со сомневањата за руско мешање во претседателските избори и за дослух меѓу неговиот изборен штаб и руската влада. Претходно, според некои наводи, биле издадени судски покани во врска со состанокот на синот на Трамп со една руска адвокатка.

Претседателот Трамп, на митингот во Хантингтон, Западна Вирџинија оцени дека „руската приказна е целосна измислица“ при што додаде:

„Тоа е само изговор за најголемата загуба во историјата на американската политика. Тоа е сè. Тоа само ги прави демократите да се чувствуваат подобро кога немаат ништо друго за што да разговараат“.

Русија стана големо прашање во текот на првите шест месеци од претседателството на Трамп, откако американските разузнавачки агенции заклучија дека Русија работела во корист на Трамп за време на претседателските избори.

Во врска со тоа е покрената истрага што ја води специјалниот советник Роберт Милер.

Тој, според американските медиуми и новински агенции, деновиве формирал Голема порота која пак веќе издала судски покани во врска со состанокот во јуни 2016 година, во кој беа вклучени синот на Трамп, неговиот зет и една руска адвокатка.

Тоа се оценува како јасен сигнал дека истрагата го зголемува сомневањето за руско мешање во претседателските избори.

„Тие се обидуваат да ве отргнат од раководството кое го сакате со лажна приказна која е понижување за сите нас и што е најважно, понижување за нашата земја и понижување за нашиот устав“.

Деновиве Трамп го потпиша законот за дополнителни санкции врз Русија, Северна Кореја и Иран што беше донесен од двата дома на Конгресот.

Белата куќа соопшти дека со потпишувањето бил испратен „јасен сигнал“ дека САД нема да го толерираат мешањето во изборите.

Москва тоа постојано го негира, додека Трамп негира каков било дослух на неговиот изборен штаб со Москва и постојано ги осудува истрагите како лов на политички вештерки.

Инаку, за време на митингот во Западна Вирџинија, Трамп го најави демократскиот гуверенер на таа држава Џим Џастис кој соопшти дека преминува во републиканскиот табор. Милијардерот и рударски магнат Џастис одби да ја поддржи Хилари Клинтон на ланските избори.

На митингот дојде и до турканици откако едно лице држеше знак на кој пишуваше „Режимот на Трамп и Пенс мора да си оди“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG