Достапни линкови

Тилерсон: Иран на истиот пат како Северна Кореја


Тилерсон: нуклеарниот договор со Иран е неуспешен
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:11 0:00

Тилерсон: Нуклеарниот договор со Иран е неуспешен

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон го обвини Иран за „алармантни провокации“ со цел дестабилизација на земјите на Блискиот Исток и поткопување на американските интереси во тој регион. Тој остро го критикуваше и нуклеарниот договор со Иран постигнат во 2015 година.

Според Тилерсон, со овој договор само се одложи иранската цел да стане земја која ќе има нуклеарно оружје.

„Договорот не предвидува ништо во врска со алармантните сегашни провокации од страна на Иран на Блискиот Исток“, изјави тој.

Тилерсон додаде дека редовниот 90-дневен преглед на договорот со Иран нема само да се однесува на тоа дали таа земја ги исполнува обврските од договорот, туку и дали однесувањето на Техеран продолжува да ги поткопува американските интереси во тој регион.

„Неконтролиран Иран има потенцијал да тргне по истиот пат како Северна Кореја и да го повлече светот со тоа“, рече тој.

Тилерсон ја повтори оценката дека Иран е водечка земја во светот која го спонзорира тероризмот и оти стои зад сајбер нападите врз Соединетите држави и сојузниците на Блискиот Исток.

Ден претходно Стејт департментот го информира Конгресот дека Иран го спроведува минатогодишниот нуклеарен договор со светските сили и затоа треба да има натамошно олеснување на санкциите против Техереан што е предвидено со тој договор.

Ваква потврда Стејт департментот му испраќа на Конгресот секои три месеци и е прва издадена од администрацијата на претседателот Доналд Трамп.

Олабавувањето на санкциите кои претходно ги воведоа САД, ОН и ЕУ се условени со намалување на иранските нуклеарни активности.

Што се однесува до Северна Кореја, Тилерсон изјави дека се разгледуваат сите можни опции:

„Ние го разгледуваме целиот статус на Северна Кореја, како во однос на држава која спозорира тероризмот, така и во врска со другите начини со кои можеме направиме притисок врз режимот во Пјонгјанг“, рече шефот на американскиот Стејт департмент.

Рекс Тилерсон на 28 овој месец ќе претседава со седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации посветена на нуклеарната програма на Северна Кореја.

Американската амбасадорка во Обединетите нации, Ники Хејли, во средата изјави дека САД не сакаат судир со Северна Кореја и го повика Пјонгјанг да не се обидува да го предизвика.

Хејли која во моментов е претседавач на Советот за безбедност додаде дека сите членки на Советот работат на усогласување на заедничка изјава како одговор на неуспешниот минатонеделен севернокорејски обид за лансирање ракета.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG