Достапни линкови

Навреди меѓу претседателот Трамп и сенаторот Коркер


Трамп и сенторот Коркер разменија неверојатни навреди
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:25 0:00

Трамп и сенторот Коркер разменија неверојатни навреди

Американскиот претседател Доналд Трамп го нападна републиканскиот сенатор Боб Коркер од Тенеси, неколку дена откако Коркер му изрази поддршка на државниот секретар Рекс Тилерсон по извештаите дека тој речиси поднесол оставка. Коркер исто така изјави дека Трамп ја води земјата кон Трета светска војна.

„Сенаторот Боб Коркер ме молеше да го поддржам неговиот реизбор во Тенеси. Реков „не“ и тој испадна“, напиша Трамп на Твитер, додавајќи:

„Тој побара да биде државен секретар, а јас реков „не благодарам“. Тој исто така е одговорен за ужасниот договор со Иран“, напиша Трамп.

Ова следуваше откако сенаторот Коркер, поранешен сојузник на Трамп, изјави дека главните советници во администрацијата на Трамп ги задржуваат Соединетите Држави да не паднат во хаос.

„Мислам дека секретарот Тилерсон, секретарот Матис и шефот на кабинетот Кели се оние кои помагаат да ја одделиме нашата земја од хаосот“, рече Коркер, кој изјави дека Трамп ја води земјата кон Трета светска војна.

Инаку, по вчерашните коментари на Трамп, сенаторот Коркер исто така на Твитер напиша:

„Срамно е што Белата куќа стана центар за грижа за возрасни. Некој очигледно ја пропушти својата смена ова утро“, напиша тој.

Во август, Коркер оцени дека Трамп не успеал да покаже „стабилност“ и „компетентност“ што се неопходни за успех.

Не беше секогаш вака. Умерениот Коркер го поддржа Трамп на изборите во 2016 година и накратко беше во трката за потпретседател, гледан како можен мост меѓу Трамп и републиканскиот естаблишмент.

Пред тоа Коркер, кој претседава со моќниот комитет за надворешни односи на Сенатот, го напиша законот со кој се бара конгресна ревизија на нуклеарната програма на Иран, што се смета за запечатување на едно од најголемите надворешно-политички достигнувања на поранешниот претседател Барак Обама.

Претседателот Доналд Трамп, кој деновиве треба да го соопшти својот план во врска со нуклеарниот договор со Иран, го критикуваше Техеран.

„Ќе видите што ќе направам во не толку далечна иднина. Но, Иран е лош играч и ќе биде третиран како лош играч“, вели тој.

Шеесет и пет годишниот Коркер го објави своето пензионирање минатиот месец и најави дека нема да се кандидира за нов мандат на изборите идната година.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG