Американскиот Стејт департмент претходно соопшти дека Тилерсон ќе замине во руската мисија во Обединетите нации за да се сретне со Лавров.
Портпаролката на Стејт депратментот Хедер Науерт по средбата соопшти дека двајцата дипломати се состанале на маргините на Генералното собрание.
„Тие препорачаа запирање на воените операции во Сирија и создавање услови за придвижување на женевскиот мировен процес“, изјави Науерт.
Руското министерство за надворешни работи, пак, соопшти дека освен за Сирија се разговарало и за конфликтот во источна Украина.
Тилерсон не даде изјава по состанокот со Лавров, кој, според руската државна агенција ТАСС, траел околу 50 минути и бил одржан зад затворена врата.
До состанокот доаѓа во момент кога Тилерсон односите меѓу двете земји ги оцени за „историски“ најлоши по Студената војна откако дојде до протерување на дипломатскиот персонал од двете земји.
САД имаат воведено санкции врз Русија поради руското мешање во претседателските избори лани и руските активности во источна Украина.
Во меѓувреме, светските лидери се собраа во Њујорк на редовното годишно заседание на Генералното собрание на Обединетите нации.
Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп ќе одржи состанок за реформите на Светската организација.
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави деновиве дека на Генералното собрание ќе му достави извештаи со предлози за подобра работа на ОН и за координација меѓу агенциите на Светската организација.
Меѓу главните теми на Генералното собрание ќе бидат нуклеарната програма на Северна Кореја и ситуацијата во Мјанмар од каде што во Бангладеш побегнале над 400 илјади припадници на муслиманското малцинство Рохинџа.
Рускиот претседател Владимир Путин нема да учествува на Генералното собрание, додека американскиот претседател Доналд Трамп е предвидено да му се обрати на Собранието на 19 септември.