Достапни линкови

Русија и Кина ја одбија Декларацијата на Трамп за реформи на ОН


Русија и Кина против Декларацијата за реформи на ОН
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:14 0:00

Русија и Кина против Декларацијата за реформи на ОН

Русија и Кина одбија да им се придружат на 128 земји во потпишувањето на декларацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за поддршка на реформите на Обединетите нации. Декларацијата има за цел подобрување на работата на Светската организација за поефикасно справувањето со глобалните кризи.

Руски официјални претставници изјавија дека Москва е за намалување на бирократијата во Светската организација, но се противи на промени кои би се вовеле преку декларација предложена само од Соединетите држави, а не преку разговори меѓу земјите членки на ОН.

Трамп побара од земјите членки да ја потпишат декларацијата од 10 точки за реформи на ОН пред да ги покани да учествуваат на вчерашниот состанок во врска со ова прашање.

Говорејќи на собирот во Њујорк Трамп наведувајќи дека Обединетите нации биле основани за целосно благородни цели оцени дека биракоратијата ја кочи Светската организација.

„Сепак, во изминативе години Обединетите нации не го достигнаа својот потенцијал поради бирократијата и лошото управување“.

Тој додаде дека Светската организација троши многу пари и има премногу вработени, оценувајќи дека резултатите не се соодветни на таквите големи инвестиции.

Трамп истакна дека ги поддржува реформите што ги покрена генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш кој се согласи со оценките дека има преголема бирократија поради која, како што рече, „не спиел ноќе“:

„За да им служиме на луѓето што ги поддржуваме и на луѓето кои нè поддржуваат, ние мора да бидеме подвижни и ефективни, флексибилни и ефикасни“.

Во декларацијата на се наведуваат конкретни насоки и парични износи, туку се говори за главни принципи.

Амбасадорката на САД во ОН Ники Хејли ги повика и другите 67 земји кои не ја поддржаа декларацијата да го направат тоа.

„Ова е можност за сите нас, да го искористиме овој момент и да обезбедиме дека Обединетите нации остануваат релевантни“.

Во јуни Генералното собрание гласаше за кратење на 600 милиони долари од буџетот за мировни операции кој годишно изнесува околу 8 милијарди долари.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG