Достапни линкови

Нови искри меѓу САД и Русија околу Сирија


САД: Сирија подготува нов хемиски напад
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:07 0:00

САД: Сирија подготува нов хемиски напад

Белата куќа соопшти дека сириската влада подготвувала хемиски напад и го предупреди Дамаск дека ќе „плати висока цена“ доколку се случи тоа. Во исто време Москва го повика Вашингтон да спречи натамошни провокации против сириските владини сили.

Портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер изјави дека сириските подготовки биле слични на оние преземни пред хемискиот напад на 4 април по што претседателот Доналд Трамп нареди ракетен удар врз сириска воздухопловна база.

„Како што претходно соопштивме, Соединетите Држави се во Сирија за елиминирање на Исламската држава од Ирак и Сирија. Доколку претседателот Башар ал-Асад изведе уште еден напад со хемиско оружје, тој и неговите сили ќе платат висока цена“, изјави портпаролот Спајсер.

Во хемискиот напад во април годинава врз област под контрола на бунтовниците, за кој Дамаск одбива секаква одговорност, загинаа седумдесет луѓе по што Соединетите Држави изведоа прв ракетен напад врз цели на територијата на Сирија.

Овој напад предизвика натамошна конфронтација меѓу Вашингтон и Москва која го поддржува режимот на претседателот Асад со воздушни напади во неговата веќе шест годишна војна со бунтовниците.

Официјални американски претставници тогаш интервенцијата ја оценија како „еднократна“, со намера да бидат одвратени идните напади со хемиско оружје, односно дека Соединетите Држави немаат намера за проширување на нивната улога во сириската војна.

Во понеделникот шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, пак, апелираше до неговиот американски колега Рекс Тилерсон да ги спречи натамошните „провокации“ против силите на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад.

Во соопштението на руското министерство за надворешни работи се наведува дека Лавров и Тилерсон телефонски разговарале за ситуацијата во Сирија, при што се согласиле за потребата од одржување на примирјето и зголемување на активностите против терористичките групи.

Во војната во Сирија досега загинаа над 300 илјади луѓе, а околу милион беа принудени да ги напуштат нивните домови.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG