Достапни линкови

Лавров: Трамп и Путин се за прагматични односи


Лавров: тимот на Трамп е со луѓе од акција
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:32 0:00

Лавров: тимот на Трамп е со луѓе од акција

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во Вашингтон изјави дека разговорите со претставници на администрацијата на претседателот Доналд Трамп го убедиле дека тие се луѓе од акција кои сакаат да ги решаваат проблемите. Претходно Трамп, средбата со Лавров ја оцени како многу добра.

На прес конференцијата во руската амбасада во Вашингтон Лавров изјави дека неговите разговори со домаќините биле ослободени од идеологизација која била карактеристична за админситрацијата на екс претседателот Барак Обама.

Притоа тој додаде дека тие не се однесувале на американските санкции врз Русија воведени поради нејзината улога во конфликтот во Украина.

Наведувајќи дека Русија немала никаква улога во американските претседателски избори Лавров изјави:

„Верувам дека е понижувачки за американскиот народ да сфати дека Руската федерација ја контролира ситуацијата во Америка“.

Лавров притоа ја критикуваше администрацијата на Обама за протерувањето на 35 руски претставници во минатата година. Зборувајќи за средбата со претседателот Трамп, тој рече:

„Претседателот Трамп јасно го изрази неговиот интерес за изградба на заемно корисни, деловни и прагматични односи со Русија и за решавање на отворените прашања. Тоа е она што е важно. И претседателот Трамп и претседателот Путин се подготвени да имаат конкретни резултати кои ќе помогнат да се отстранат проблемите од меѓународната агенда“.

Лавров додаде дека фокусот на разговорите бил ставен врз формирањето таканаречени „деескалирачки зони“ во Сирија.

Тоа го потврди и претседателот Трамп кој разговорите со Лавров ги оцени за многу добри.

„Имавме многу многу добра средба со министерот Лавров. Ви кажав дека беше многу добра. Сакаме да направиме и да видиме страшното убивање во Сирија да заврши што е можно побргу“.

Во меѓувреме, рускиот претседател Владимир Путин оцени дека отпуштањето на директорот на ФБИ Џејмс Коми кој ја водеше истрагата за можното руско мешање во американските избори нема да има никакви последици во односите меѓу двете земји.

Тој запрашан за телевивизиската мрежа Си Би Ес изјави: „Нема даима ефект. Вашето прашање ми е смешно. Ние немаме ништо со тоа“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG