Достапни линкови

САД сакаат да избегнат тензии со Русија во Сирија


Пентагон не сака тензии со Русија во Сирија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:06 0:00

Пентагон не сака тензии со Русија во Сирија

Соединетите Држави ќе работат на повторно воспоставување на комуникацијата со руската војска за да се избегнат инциденти во Сирија. Москва ја прекина комуникацијата откако во неделата американските сили соборија сириски воен авион.

Таканаречената „деконфликтна“ жешка врска во Сирија е од клучна важност во заштитата на двете војски од можни случајни судири поради тоа што се вклучени на различни страни во конфликтот во Сирија.

Шефот на американскиот Генарлштаб, генерал Џозеф Данфорд, изјави дека е неопходна итна акција за натамошно избегнување на слични инциденти.

„Се случи инцидент. Треба да работиме и преку инцидентот. Имаме канал преку кој ќе се направи тоа и мислам дека тоа бара и извесен дипломатски и воен ангажман“, рече тој.

Данфорд додаде дека тој сега бил фокусиран врз постигнување на главната американска цел во Сирија, победа врз екстремистичката група Исламска држава.

„Русија индицира дека и нејзината цел во Сирија е пораз на Исламската држава, и ќе видеме дали е тоа точно во наредниве неколку часови“, рече тој, наведувајќи дека се уште имало комуникација меѓу американската воздушна база во Катар и руските сили во Сирија.

По соборувањето на сирискиот авион, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров го предупреди Вашингтон да не извршува еднострани воени акции во Сирија:

„Ги повикуваме САД и другите кои имаат сили или советници на теренот да осигураат наша координирана соработка. Зоните на деескализација се една од можните опции за заеднички прогрес“, рече Лавров.

До најновите тензии дојде откако американски воен авион собори борбен авион на сириските воздушни сили кои бомбардирал позиции на бунтовниците кои им се сојузници на американците во борбата против екстремистичката организација Исламска држава.

Пентагон наведе дека за прв пат САД соборила летало на сириските сили. Станува збор за авион од типот „СУ-22“ кај сирискиот град Табка.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG