Достапни линкови

Различни оценки за разговорите меѓу Трамп и Ердоган


Поделени очекувања од средбата меѓу Ердоган и Трамп
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:39 0:00

Поделени очекувања од средбата меѓу Ердоган и Трамп

Аналитичарите во Турција имаат поделени мислења околу тоа дали разговорите меѓу претседателите на САД и на Турција, Доналд Трамп и Реџеп Таип Ердоган, ќе помогнат во обновата на односите меѓу двете земји. Тоа беше нивна прва средба откако Трамп влезе во Белата куќа во јануари годинава.

Некои турски аналитичари велат дека турско американските односи станале поважни откако се заладија односите на Турција со Европската унија околу референдумот за зголемените претседателски овластувања на Ердоган.

Селчук Чолакоглу, професор на Универзитетот Јилдирим Бајазит во Анкара вели:

„Мислам дека претседателот Ердоган и претседателот Трамп имаат шанса да развијат личен однос, лична водечка улога така што тие можат да го сфатат нивниот личен лидерски капацитет. Тоа ќе биде важен исход“, вели тој.

Ердоган и Трамп, како што изјавија по средбата, разговарале за борбата против тероризмот, граѓанската војна во Сирија и прашањето за американската помош за курдските борци во Сирија.

Чолакоглу вели дека Турција и САД како членки на НАТО можат да постигнат консензус за сириското прашање:

„Кога споредуваме со Русија, турските и американските позиции се поблиски отколку руските позиции за Сирија, можеби тука е заедничката позиција, заедничкиот став против режимот на Асад“, вели тој.

И Турција и Соединетите Држави изведуваат воени кампањи во Сирија, поддржувајќи ги борците против режимот на претседателот Башар ал Асад.

Некои аналитичари, пак, велат дека на посетата на Ердоган на Вашингтон не може да се гледа како на славење на добрите односи меѓу двете земји.

Тоа особено по американската одлука за вооружување на припадници на Курдските сили во Сирија кои се борат против милитантите на Исламската држава. Турција е против ваквиот потег.

Јусуф Канли, политички коментатор од Анкара вели:

„Ако Соединетите Држави сакаат да и дадат концесија на Турција, зошто Доналд Трамп потпиша извршна наредба за вооружување на курдските сили само пет дена пред Ердоган да отпатува за САД? Ако вашите сојузници почнуваат да вооружуваат и да тргуваат со вашите потенцијални непријатели, тоа значи дека има проблем во тој сојуз“, вели тој.

Освен, прашањето со курдите во Сирија односите меѓу двете земји се оптоварени и со одбивањето на Вашингтон да го екстрадира во Турција исламскиот свештеник Фетулах Ѓулен за кој Анкара смета дека стои зад неуспешниот воен удар во јули минатата година.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG