Достапни линкови

ЕУ заеднички во одбраната и борбата против тероризмот


ЕУ лидерите договорија мерки против тероризмот
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:14 0:00

ЕУ лидерите договорија мерки против тероризмот

Лидерите на Европската унија на нивниот состанок во Брисел постигнаа согласност околу мерките во борбата против тероризмот. Притоа особено е нагласена потребата од спречување на доаѓање странски терористи од Сирија и Ирак во Европа.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, оценувајќи дека тероризмот се уште претставува „голема закана“, изјави:

„Ние целосно сме решени да ги заштитиме нашите луѓе. Затоа Европскиот совет се согласи да ги продлабочи нашите напори против странски терористички борци. Ние сакаме да ја финализираме работата околу новите гранични системи за размена на информации оваа година“, рече тој.

Туск додаде дека Европскиот совет се согласил и околу соработката во онлајн индустријата.

„Ги повикуваме социјално медиумиските компании да сторат се што е неопходно да спречат ширење на терористички материјали на интернет“, рече тој.

Тоа, според Туск, значи развивање нови алатки за откривање и автоматско отстранување на такви содржини, за што, како што рече, ако е неопходно ќе бидат донесени и посебни закони.

Тој додаде дека со „историска одлука“ е усвоено создавање „Постојана европска соработка во одбраната“.

Тоа значи, како што објасни претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, дека од посебен фонд ќе се издвојуваат средства за развој и изградба на единствени одбранбени системи на ЕУ за да се изедначат стандардите и типовите на оружје за да се избегне непотребно трошење пари.

„Ние трошиме половина од воениот буџет на САД, но нашата ефикасност е 15 отсто. Осумдесет проценти од истражувањата и 90 отсто од набавките се прават исклучиво на национално ниво“, рече Јункер.

Лидерите на Европската унија, исто така оценија дека соработката меѓу Унијата и НАТО останува клучна за севкупната безбедност, односно борбата против сајбер нападите, хибридната војна и тероризмот.

Овој самит Европската унија го посевети и на решавањето на проблемот со миграцијата како и на трговскиот и економскиот напредок.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG