Достапни линкови

Трамп и открил разузнавачки тајни на Русија?


Трамп обвинет дека му открил тајни информации на Лавров
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:17 0:00

Трамп обвинет дека му открил тајни информации на Лавров

Американските медиуми јавуваат дека претседателот Доналд Трамп му открил многу доверливи информации на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров за време на нивната средба во Вашингтон минатата недела. Со ваквата постапка Трамп го загрозил разузнавачкиот извор за милитантите на Исламската држава.

Белата куќа веднаш ги отфрли обвинувањата кои беа објавени од Ројтерс, „Вашингтон пост“ и други медиуми и кои ја разбрануваа американската политичка сцена.

Советникот за национална безбедност, генерал Ејч Ар Мекмастер изјави:

„Приказната која се појави вечерва, како што е објавена, е лажна. Претседателот и министерот за надворешни работи разгледуваа широк спектар на заеднички закани за нашите две земји, вклучувајќи и закани за цивилно воздухопловство. Во ниту еден момент, во ниеден момент не беа дискутирани разузнавачки извори и методи. И претседателот не откри никакви воени операции кои веќе не се јавно познати“, рече тој.

Со ист демант се јави и американскиот државен секретар Рекс Тилерсон.

Медиумите, пак, цитирајќи анонимен извор, јавија дека Трамп на состанокот со Лавров и со рускиот амбасадор Сергеј Кислијак соопштил многу чувствителна разузнавачка информација во врска со заканата од ИД поврзана со употребата на лаптоп компјутери во авионите.

Изворот наведува дека еден од највознемирувачките аспекти на разузнавачкиот податок било тоа што Ал Каеда огранокот во Јемен открил како да се произведе толку тенок експлозив што може да биде вметнат во внатрешноста на лаптоп компјутер кој тешко може да биде откриен.

Според наводите, станува збор за врвна тајна информација која била обезбедена од американски сојузник во борбата против ИД и затоа не требало да биде соопштена на состанокот со Лавров.

Демократите и некои републиканци во Конгресот ваквиот потег на Трамп го оценија како „опасен и несовесен“.

Републиканскиот сенатор од Аризона Џон Мекејн изјави дека треба да се истражи што навистина се случило.

„Имаме само првичен извештај и затоа е многу тешко да се коментира се додека ги немаме сите факти“, рече тој.

Демократскиот сенатор Марк Ворнер, пак, оцени дека доколку обвинувањата се покажат за вистините тогаш тоа би било „шлаканица“ за американската разузнавачка заедница.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG