Достапни линкови

Ваши коментари: Бомба кај Милошоски и укинување на притворот на Кочан


Сеад Кочан
Сеад Кочан

Поставената бомба во куќата на таткото на пратеникот Антонио Милошоски, укинувањето на притворот на бизнисменот Сеад Кочан и барањето нови избори се најкоментирани теми од нашите читатели.

Многу се интересни социјалните мрежи, меѓу нив и Фејсбукот. Луѓето, дали со својот вистински или со лажен идентитет, коментираат и пишуваат слободно, не плашејќи се да го кажат своето мислење за некоја појава или настан. Па така и за случајот со бомбата во куќата на родителите на Антонио Милошоски, објавен на РСЕ, луѓето постирале свое мислење чиј заеднички именител може да се сведе на тоа дека тоа го сторил некој од незадоволните од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што „кога се бираше Џафери го издадовте народот, готово е, завршено е со вас“ – постирале Далибор и Марија Петковски. Зијадин Алими оди уште подалеку, па вели дека „за власт што го исценира Смилковско Езеро и нема да ме чуди ако направат нешто и во нивното стадо само за да владеат уште 20 години“. „Родителите ќе си ги отепаат за да изрежираат немири“ – коментира Гоце Цуцулоски, а Виолета Вики го повикува Милошоски прво да каже колку пари украл татко му во Кичево, „па ќе видиш кој ти ги мести бомбичките“ и така натаму и така натаму...

„Ова е последното нивно изживување врз народот и законите пред да скапат во затвори, од врховни судии до полтрони и измеќари на овој режим“ – ја коментира Шарам Барам одлуката на Врховен суд за укинување на притворот на бизнисменот Сеад Кочан кој заедно со уште две фирми со фалсификувана документација доби тендер на ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра. По оваа одлука укината е и меѓународната потерница по Кочан кој е избеган од државава. Дани Теарца Нет смета дека вака не се чува државата: „После Албанците се криви сакале да ја рушат унитарноста на државата, еве пример кој сака да ја руши оваа држава“. Стефан Николовски, пак, се чуди и прашува: „Добро бе, во која земја го има ова? Не вредиме веќе.“

И предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за брзи избори наидува на бура негативни реакции на нашата ФБ страница. Димитрија Ангелковски вели: „Можат да бараат, а дали ќе добијат ќе видиме“, а Виолета Вики напишала: „Најдобра варијанта за Грујо е што побрзо во затвор да го видиме“.

Негативни коментари на ФБ страницата на РСЕ има и по информацијата за првата средба на новинарите со новиот претседател на Собранието, Талат Џафери. Александар Колески напишал: „После кога ќе нападнат некој новинар се жалат одма. Штом отишле кај Талат сите заслужуваат ќотек!“, луто постирал Колески. „И сите новинари среќни, тоа се глумци, ова ни на филм го нема“ – ја коментира средбата Блажо Пантев, а Ванчо Коде прашува „каде е и таа со гаќите од 500 евра, или не е новинар?“

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG