Достапни линкови

Меѓугранична соработка со Бугарија за млади и туризам


Младен Протиќ, раководител на Центарот за развој на североисточниот плански регион од Куманово.
Младен Протиќ, раководител на Центарот за развој на североисточниот плански регион од Куманово.

Североисточниот плански регион од Македонија и ќустендилскиот Регионален центар од Бугарија ќе соработуваат на два проекти. Ќе се формира заеднички центар за млади претприемачи, а ќе се зголемува и туристичкиот потенцијал на регионите.

Меѓуграничен центар за млади претприемачи и развој на туризмот во двата погранични региони, ќустендилскиот Регионален центар за европска интеграција и североисточниот со седиште во Куманово, се два проекта кои годинава ќе бидат реализирани, со финансиска поддршка од ИПА фондовите, вели Младен Протиќ, раководител на Центарот за развој на североисточниот плански регион од Куманово.

За првиот проект ќе бидат избрани 40 учесници, селектирани според дефинирани критериуми, ќе се формира заеднички центар за млади претприемачи, кој ќе има опремени седишта во Ќустендил - Бугарија и во Куманово.

„Центарот за младите претприемачи ќе создаде пријатна средина за младите лица, со цел стекнување знаења и вештини, за да овие лица можат во иднина да основаат сопствен бизнис или да го развиваат постоечкиот. Ќе се организираат бизнис тренинзи и обуки, ќе се формираат два бизнис кампа од двете страни на границата. Акцентот ќе биде ставен на практични задачи за успешно водење бизнис“, вели Протиќ.

Вредноста на проектот, според Протиќ, е сто илјади евра за функционирање на вмрежените учесници на камповите, а ќе имаат и веб портал.

Што се однесува до вториот проект, Центарот е партнер со Обласната администрација од Ќустендил, за зголемување на туристичкиот потенцијал од двете страни на границата. Со овој проект се предвидува инвентаризација и категоризација на туристичките локалитети во двата региона.

РСЕ: Кои локалитети се посочени од Североисточниот плански регион?

„Допрва на тендер ќе се јави фирма која ќе ги детализира и категоризира сите туристички локалитети во двата региона. Во Крива Паланка ќе се адаптираат голема и мала сала во Општината Крива Паланка за туристички изложби на двете страни од границата. Ќе се направат 3Д промотивни спотови за туристичките локалитети во ќустендилскиот и Североисточниот плански регион, ќе се купи 3Д модерна, од која дел подвижна опрема, со тоа што ќе направиме и туристички род шоуа. Вредноста на проектот е околу 500 илјади евра“, вели Протиќ.

Во текот на март од Центарот за развој на североисточен плански регион ќе присуствуваат на регионално тело за Југоисточна Европа, на кое ќе бидат присутни како партиципиенти и уште 13 невладини, регионални и приватни организации од целата поранешна Југославија, од Албанија и Италија како посматрач. Овој конзорциум создаден минатата година цели кон искористување на сите потенцијали на 13-те организации, кои се грижат за регионалниот развој и постои оптимизам за понатамошно аплицирање кон сите фондови на Европската унија.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG