Достапни линкови

Кумановски „Водовод“ со намалени загуби 


Архивска фотографија: Изведба на работи на кумановски Водовод
Архивска фотографија: Изведба на работи на кумановски Водовод

Загубите на вода во Куманово се намалуваат, а планирано е проширување и на канализационата мрежа и изградба на атмосферска канализација.

Кумановското јавно претпријатие „Водовод“ секој период од годината бележи позитивни резултати, како во враќање стари долгови, така и во нови инвестициони зафати и едно е од петте најдобри во државава. Ваквото домаќинско работење на менаџерскиот тим секогаш го поддржуваат и позиционите и опозиционите советници во општинскиот Совет на Куманово.

Директорот Горан Стојковски вели дека сите коментари и забелешки ги прифаќа како добронамерни за понатамошно поуспешно работење. За тековната година претпријатието продолжува со настојувања да се надминат сите проблеми,,не само во рамките на претпријатието, туку и за добробит на корисниците.

Драган Петковски, советник од ВМРО-ДПМНЕ, потсети на стариот проблем со атмосферската канализација, која речиси и да не постои.

„На многу места атмосферските води се одведуваат во постоечката фекална канализација“, рече тој.

За тоа тој побара објаснување за планот за надминување на овој проблем, на што Стојковски вели дека одлевањето на атмосферските и урбаните отпадни води е од круцијално значење и за економскиот развој во Општината, а со што директно и индиректно и локалната заедница е засегната. Затоа со градоначалникот и со Центарот за развој на североисточниот плански регион се обезбедени средства преку ИПА фондовите за почеток на наредната година да стартува изградба на атсмосферската канализација.

„Во овој период сме посветени на околу 20-ина километри фекална, проект што ќе заврши до крајот на оваа, а со почетокот на наредната 2018 година со изградба на атмосферска канализација, што ќе биде од полза за нормален живот на огромен број семејства во Куманово, ќе се намали обемот на работа на нашата Пречистителна станица и зголемување на ефикасноста на работата на нашето претпријатие“, вели тој.

Се работи, според Стојковски, за околу 19 километри атмосферска канализација. Според Сунчица Јосифова од НСДП, на претпријатието му треба помош и поддршка и за нови инвестиции.

Мирослав Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ смета дека овој менаџерски тим настојува да ги надмине долговите од претходниот период.

„Од програмата се гледа дека ќе се решава загуба на водата одцевководот за пиење, ме радува посветеноста на овој проблем со што ќе се зголеми ефективноста на ова претпријатие и ќе може да се создава поголема добивка“, вели тој.

Стојковски информира дека загубата на водата од пред шест години била околу 64 отсто од вкупниот проток, а дека досега е намалена за десетина насто. Тоа не е доволно и трендот ќе продолжи и понатаму.

Што се однесува до инвестирањето, според Стојковски, меѓу другото и тоа се однесува на намалување на загубите на водата, со што полиетиленската цевка ќе се замени со челична на потегот на населбата Проевце, каде се наоѓа и еден од двата алтернативни извори. Набавен е ровокопач во вредност од 66 илјади евра.

„За употреба и одржување на водоводна мрежа и за замена на водоводни инсталации се проекти предадени во Министерство за транспорт и врски, од кои едниот е одобрен, не е реализиран, а другиот очекуваме слух од ресорните министерства за да можеме да ги реализираме“, вели Стојковски, кој додава дека има и други инвестиции.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG