Достапни линкови

Во одлежаните политичари е вистината


Илустрација: Винска визба
Илустрација: Винска визба

Вечерва почнува изборниот молк и оние со исусовски синдром, кои ветуваат дека од водата може да направат вино ќе замолчат – барем до завршувањето на изборите. Во победничкиот штаб во недела вечер може да почнат баханалиите.

Во виното е вистината. Тоа не може да се каже за политичарите, иако дел од нив во огледалото го гледаат Дионис. Стојанче Ангелов рече дека нивната коалиција ВМРО за Македонија веќе ферментирала.

„Овојпат сме како старо и зрело вино, а братот Љубе и како одлежано вино“, рече Ангелов за време на кампањата.

Сепак, Љубе Бошкоски не е единствениот одлежан на кандидатските листи. Меѓу домашните одлежани сорти се и Амди Бајрам и Слободан Богоевски, а Јохан Тарчуловски е одлежан и во меѓународни визби.

please wait

No media source currently available

0:00 0:02:36 0:00
Директен линк

На листите се чини сега повеќе од кога било претходно има и многу шира, што ќе рече едно чудо кандидати за ферментација. Веројатно по изборите ќе стане појасно кој ќе добие шанса да одлежи. Само што одлежувањето нема да биде во дабови буриња.

Еден од одлежаните, кој сепак не се споредува со вино, ами со Кока Кола, Амди Бајрам, од својата родна Шутка, каде што се наоѓа и скопскиот истражен затвор, му се закани на опозицискиот лидер Зоран Заев – токму со одлежување.

„Заканата на Заев знаете ли што му беше во Шутка? Мене Амди Бајрам ќе ме затворел, син ми Елвис ќе го затворел, Шабан, синот мој ќе го затворел, Габриел ќе го затворел. Знаете јас што викам? Нешто го влече Заев накај Шутка, многу“, рече Бајрам.

На лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, пак, тоа не му е доволно. На Заев од Делчево му се закани – со Ќосето.

„Да беше Делчев денеска жив, тој немаше со него да може да се поздрави, на него ќе му беше пратен само Ќосето да ја заврши приказната со таков човек“, рече Груевски.

Заев, од Бутел, пак, одговори со еден од најблиските соработници на Ќосето.

„Ти се чудам Никола дали знаеш како се вика десната рака на Ќосето. Десната рака на Ќосето се вика Докурчев. Што да ти коментирам повеќе, што да ти кажам повеќе, ќе се сеќаваме на твојот митинг од Делчево – Докурчев и Ќосето. Докурчев“, рече Заев.

Вечерва почнува изборниот молк и оние со исусовски синдром, кои ветуваат дека од водата може да направат вино ќе замолчат – барем до завршувањето на изборите. Во победничкиот штаб во недела вечер може да почнат баханалиите.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG