Достапни линкови

Борба против корупцијата во туѓите табори


Судовите или СЈО, клучни за борбата против криминалот
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:41 0:00

Судовите или СЈО, клучни за борбата против криминалот

Претставниците на четирите најголеми партии во неделните интервјуа на РСЕ ветуваат борба против криминалот и корупцијата. Некои од нив очекуваат судството да го има последниот збор, други пак во СЈО гледаат единствена надеж.

Бројчаник на Триумфалната порта кој ќе се врти на секое враќање на украден милион - најавува претседателот на СДСМ Зоран Заев на речиси секој митинг, како главно ветување дека, ако победат ќе се бореле против криминалот и корупцијата.

„Конфискацијата ќе ја има во Македонија, и тоа како после овој грабеж што се случи“ вели Заев.

Говорниците на ВМРО-ДПМНЕ, пак, на митинзите главно зборуваат за како што велат корупцијата на Заев како струмички градоначалник. Во својата изборна програма „Реално“ ветуваат бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот и ефикасно спроведување на правото.

На прашањето како дел од највисокото партиско раководство на ВМРО-ДПМНЕ, кое е осомничено за криминал и корупција ќе го спроведува ова, носителот на изборната единица еден на ВМРО-ДПМНЕ Никола Попоски, одговара дека тоа треба да го спроведуваат институциите во Македонија, без разлика што тие го ставаат во партиската програма.

„Точно, бидејќи сметаме дека како влада имаме одговорност да носиме закони и да се трудиме за имплементација на законите, нешто што го правиме во континуитет изминатиот временски период. Јас не верувам дека се решава тоа со еден случај, но мислам дека треба да ги почитуваме основните постулати, доколку зборуваме за судството, тоа е презумпција на невиност и да оставиме судските инстанци да одлучат дали е некој виновен или не за тоа“ вели Попоски.

Со судските инстанци кои ги споменува Попоски проблем има Специјалното јавно обвинителство чии постапки за членови на ВМРО-ДПМНЕ судот, како што велат ги опструира.

Претседателот на ДУИ Али Ахмети, вели дека очекува Специјалното јавно обвинителство да ја заврши професионално својата работа, да е независно и да не зазема страна, но се уште немал проценка за неговата досегашна работа.

„Јас се уште немам некаква проценка во овој момент, сигурно во вистинскиот момент ќе повикам луѓе што ја следат целата ситуација и тогаш ќе го слушнам нивното мислење“, вели Ахмети.

Таа институција мора да добие законска поддршка од сите институции, а без да се случи промената мислам дека работата на СЈО може да биде јалова, оценува претседателот на ДПА Мендух Тачи.

„Јасно е дека се е под политичка контрола, особено правниот систем. Јас мислам дека после овие избори треба да се случи правна реформа во стилот на тоа што се случува во Албанија што значи дека фигурата на судиите и јавните обвинители треба да се стави на ренген заедно со консензус да одлучиме дали ќе одиме на реформа. Заслужува Македонија целосна реформа на судскиот и правниот систем“, вели Тачи.

Очекувано и вообичаено ниту еден од партиските претставници не ја гледа во своите редови корупцијата и криминалот туку само кај политичките опоненти.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG