Достапни линкови

СПУКМ воскреснува пред изборот на нов ректор


Надвор од Статутот на УКИМ се бира претседател на Студентскиот парламент. Од Студентскиот пленум се противат на, како што велат, нелегалниот избор на студентски лидер и тоа во време кога се бира и ректор.

Студентскиот пленум уште еднаш предупредува дека има многу голема веројатност од фалсификување на изборите за студентски претседател и поради тоа организираат собир пред платото на УКИМ. Како особено голем се оценува проблемот што моментално се избира и нов ректор на Универзитетот. Го правиме овој собир за да ја запознаеме јавноста што точно се случува со Студентскиот парламент на УКИМ и на матичните факултети, вели Деа Здравковска од Пленумот.

„Проблематично е што во Сенатот на УКИМ има десет претставници на студентите кои што се одбрани по нелегален пат, бидејки последен пат се распишани избори за Студентски парламент во 2013 година. Тоа значи дека тие студенти немаат право на глас. Се надеваме дека верификационата комисија нема да ги верификува мандатите“, вели Здравковска.

Студентите го креваат својот глас со цел да нема избори за студентски претседател, бидејќи изборите се распишани надвор од академската година. Според одлука донесена од Сенатот на УКИМ академската година трае до 15 јуни. Изборите се закажани на 30 јуни, а деновиве излегоа и кандидатите што се пријавиле на конкурсот за претседатели.

„Распишани се во време кога студентите со во своите домови или се некаде отидени. Доколку некој сака да се кандидира нема да може од причина што не е тука. Плус тоа е лето.“

На обвинувања од Студентскиот пленум в.д претседателот на СПУКМ, Кирил Спировски вели дека сè е во согласност со Статутот и правните акти на организацијата. Тој се повикува на Правилникот за спроведување избори донесен минатата година од Собранието на Студентскиот парламент. Објаснува дека студенти имале доволно време да дојдат во организацијата и да ги добијат потребните информации.

Од Пленумот пак сметаат дека доколу се одржат избори тие ќе бидат фалсификувани, бидејќи за да добие кандидатот подршка треба да има три илјади потписи. Од Студентскиот пленум укажуваат дека Претседателот на студентските избори пред себе има голема одговорност зошто довербата треба да му биде дадена од сите студенти. Тој мора да биде избран и со печат од повеќе факултети што го прави претставник на сите студенти на УКИМ, забележува Здравевска.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG