„Како аболицираниот Груевски со нето плата од 88. 139 денари тргал на страна секој месец по 10. 000 ЕВРА или за една година 118. 629 ЕВРА?‟ - прашува на нашата Фејсбук страница Радослав Крушка Додевски како одговор на изјавата на Груевски дека со сета морална и материјална одговорност тврди дека единствениот приход во изминативе години е приходот од платата што ја примал како премиер. Има уште 50-ина постови од вас, почитувани, со кои реагирате на зборовите на поранешниот премиер, и сите имаат заеднички именител: неверување! Како на пример оној на Гилан Спасовски дека „Ќе бидат, не изненадени, туку ЗАПРЕПАСТЕНИ еден убав сончев ден кога ќе излезат пред Бога во кој се крстат, и го мамат народот и го држат во анкзиозно заложничка состојба, а пред тој суд нема можност за каква било аболиција‟. Или постот на Јане Јанев: „Нема ниеден вмровец што ти верува, а не па другите... клептоман...‟
Ќе бидат, не изненадени, туку запрепастени еден убав сончев ден кога ќе излезат пред Бога во кој се крстат, и го мамат народот и го држат во анкзиозно заложничка состојба, а пред тој суд нема можност за каква било аболиција.Коментар на читател.
По упадот на Шилегов на прес-конференцијата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Чибишев, на која обвини дека Шилегов купил два стана, 2 автомобила... а овој изјави дека становите се купени на 23-годишен кредит, Зоран Петковски постирал дека становите биле купени со пари од Сорос и, вели, „све вие СДСМ платеници против Македонија...‟ Дарко Јордановски прашува дали Шилегов прима плата од Јапонија и предлага „детална истрага на СЈО од прв до последен за овие 25 години‟.
Неделното интервју на писателот Петар Андоновски за нашево Радио, во кое покрај другото вели дека „Мора да има правда и одговорност‟, Во Некој смета дека е „аматерски кажано, пристрасно и без смисла...‟ „Едно е што мора, а друго што ќе се направи. Злото спрема терен за финален удар и уништување на сè, само за да се спаси‟ - постирала Весна Ѓоргиева на Фејсбук.
И повторно, против боењето на зградите на државните институции има многу негативни коментари, и против РСЕ на македонски, кое Коста Тимовски го нарекува „Радио за поттикнување терор во Европа‟, „Боја заради дневници‟ - пост на Мирјана Шаровска, но и следново: „Кај има правда во оваа држава, правдата ја кријат лопови...‟ - како што постирал Ласте Џеладини.