Достапни линкови

Бомбашки напади и надежи за мир во Сирија


Бомбашки напади и надежи за мир во Сирија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:35 0:00

Бомбашки напади и надежи за мир во Сирија

Сириски активисти и провладини медиуми јавуваат дека над 140 луѓе биле убиени во серија експлозии во делови во Сирија кои се под контрола на владините сили. Претходно, американскиот државен секретар Џон Кери соопшти дека со Русија била постигната привремена согласност за делумно примирје.

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Британија јави дека неколку десетици луѓе, главно цивили загинале во експлозии на автомобили бомби во градот Хомс во централниот дел на земјата.

Експлозиите биле во областа Ал Захра, каде што главно живеат Алавити, односно шиити кои живеат во Сирија а на кои им припаѓа и сирискиот претседател Башаr ал Асад. Хомс е под целосна контрола на сириските власти.

Неколку часови подоцна се случиле три експлозии на еден пазар во Дамаск при што исто така загинале неколку десетици луѓе додека над двесте биле ранети.

Нападите се случиле во областа Саида Заинаб, каде што е гробот на внуката на пророкот Мухамед и е едно од најсветите шиитски места.

За овие напади одговорноста ја презедоа милитантите на Исламската држава.

Тие се обидоа да го персонализираат проблемот само за да покажат дека е многу едноставен. Отстранете го претседателот и се ќе биде во ред. Никој тоа не може да го прифати.
Башар ал Асад, претседател на Сирија

Сириската опсерваторија исто така јави дека најмалку 50 милитанти на ИД биле убиени во напади на владините сили, поддржани од руски воздушни удари источно од северниот град Алепо.

Претходно, американскиот државен секретар Џон Кери соопшти дека со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров постигнале привремена согласност за делумно примирје во сирискиот конфликт.

Според него, тешко е да се постигне итен прекин на огнот, бидејќи е неопходно сите страни во конфликтот да ги прифатат обврските од договореното.

Руското министерство за надворешни работи потврди дека Кери и Лавров телефонски зборувале за условите за примирје во Сирија.

Во меѓувреме, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во Техеран разговараше со иранскиот претседател Хасан Рохани и со министерот за одбрана Хосеин Дехган.

Иранската државна агенција ИРНА соопшти дека министерот Шојгу му предал на претседателот Рохани порака од рускиот претседател Владимир Путин во врска со процесот на преговори за примирје во Сирија.

Русија и Иран силно го поддржуваат сирискиот претседател Башар ал Асад. Западот и сириската опозиција се на став дека тој треба да си замине од власт.

„Тие се обидоа да го персонализираат проблемот само за да покажат дека е многу едноставен. Отстранете го претседателот и се ќе биде во ред. Никој тоа не може да го прифати“, изјави претседателот Башар ал Асад во интервју за шпанскиот весник Ел Паис.

Светските сили на 12 февруари во Минхен се согласија да работат за смирување на непријателствата во Сирија и да ја прошират хуманитарната помош за цивилите погодени од конфликтот.

Минхенскиот договор предвидуваше прекинот на огнот да почне на 19 февруари.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG