Достапни линкови

Договорено примирје во Сирија


Договорено примирје во Сирија
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:00 0:00

Договорено примирје во Сирија

Големите светски сили се договорија за прекин на непријателствата во Сирија што би требало да се спроведе за една недела. Главна цел е да се обезбеди брза хуманитарна помош за опколените сириски градови. Сепак, на состанокот во Минхен не беше постигната согласност за целосен прекин на огнот.

По маратонските разговори во Минхен на кои учествуваа претставници на Соединетите Држави, Русија и на над десетина други земји беше реафирмирана нивната заложба за политичка транзиција кога за тоа ќе бидат создадени услови на теренот.

Договорот го објави американскиот државен секретар Џон Кери на заедничката прес конференција со неговиот руски колега Сергеј Лавров и со пратеникот на Обединетите нации за Сирија, Стафан да Мистура.

„Задоволство ми е да кажам дека, како резултат на тоа, денеска во Минхен ние веруваме дека постигнавме напредок како во врска со хуманитарната помош така и во врска со прекинот на непријателствата. Овој напредок на овие два фронта, ако целосно биде спроведен има потенцијал да го смени секојдневниот живот на сирискиот народ“, рече Кери.

Сепак, тој прецизира дека заложбите постигнати во Минхен се само на хартија.

„Сакам да повторам дека вистинскиот тест е дали сите страни ќе ги почитуваат обврските и ќе ги спроведат во реалноста“, додаде Кери.

Ние веруваме дека постигнавме напредок како во врска со хуманитарната помош така и во врска со прекинот на непријателствата. Овој напредок на овие два фронта, ако целосно биде спроведен има потенцијал да го смени секојдневниот живот на сирискиот народ.
Џон Кери, државен секретар на САД

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека Русија нема да ги запре воздушните напади во Сирија, наведувајќи дека прекинот на непријателствата не се однесува на милитантите на Исламската држава и на Ал Нусра која е огранок на терористичката организација Ал Каеда.

Русија е под критики дека со воздушните напади ги поддржува силите на режимот на претседателот Башар ал Асад во нивната офанзива врз градот Алепо кој е под контрола на бунтовниците.

Но, Лавров ја префрли одговорноста врз опозицијата и побара таа да ги исполни своите обврски и да овозможи пристап за хуманитарната помош во нивните области.

рускиот премиер Дмитри Медведев
рускиот премиер Дмитри Медведев

„Се надевам дека опозицијата и оние што ги контролираат различните групи на опозицијата веќе нема да имаат причини за да го избегнат исполнувањето на своите обврски“, рече тој.

Во минатата недела во Женева првите мировните преговори во изминативе две години меѓу вмешаните страни во Сирија завршија уште на нивниот почеток, поради офанзивата на силите на Асад против опозициските сили, една од најголемите во петгодишната војна.

И Кери и Лавров изјавија дека се согласиле оти овие преговори треба што побрзо да продолжат.

Во меѓувреме, рускиот премиер Дмитри Медведев предупреди на можноста од светска војна доколку не се најде брзо решение за конфликтот во Сирија и доколку во него бидат инволвирани копнени сили од Соединетите Држави и Саудиска Арабија.

Во интервју за германскиот весник „Ханделсблат“ тој изјави дека Вашингтон и Москва мора да го употребат нивното влијание и да ги притиснат страните во конфликтот да се согласат на прекин на огнот.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG