Достапни линкови

Германија враќа азиланти од Балканот


Германија враќа азиланти од Балканот
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:50 0:00

Германија враќа азиланти од Балканот

Неколку десетици баратели на азил во Германија, чии апликации биле отфрлени, се депортирани во нивните земји на Балканот. Во Германија само во јануари беа регистрирани над 90 илјади мигранти, што е скоро за половина помалку од бројот регистриран во минатиот ноември.

Депортацијата на оние на кои не им биле прифатени барањата за азил во Германија се одвиваше со чартер лет од аеродромот во Минхен до Приштина и Скопје, соопшти германската полиција.

Во минатиот септември Германија ги прогласи Албанија, Косово и Црна Гора за безбедни земји, што значи дека на нивните граѓани, исто како и на граѓаните на Македонија, Србија и Босна и Херцеговина автоматски им се отфрла правото на азил во таа земја.

Германија во минатиот месец забележа пад на бројот на мигрантите во претходните неколку месеци.

Во минатиот септември Германија ги прогласи Албанија, Косово и Црна Гора за безбедни земји, што значи дека на нивните граѓани, исто како и на граѓаните на Македонија, Србија и Босна и Херцеговина автоматски им се отфрла правото на азил во таа земја.

Како и да е таму, расте притисокот врз канцеларката Ангела Меркел да го намали мигрантскиот бран.

Таа деновиве изјави дека бројот на мигрантите кои влегуваат во Германија ќе се намалува.

Само лани таму дојдоа над еден милион и сто илјади мигранти. Меркел ја повтори нејзината разочараност во врска со европскиот одговор на мигрантската криза.

„Несфатливо за мене е тоа што Европската унија со 500 милиони жители не може да прими, на пример, милион Сиријци, додека земја со пет милиони жители, како Либан, го прави тоа. Тоа не дава добар впечаток за нашиот континент. Секојдневно зборуваме за нашите вредности, но ние не сме подготвени да го исполниме нашиот дел. Сирија не е на другата страна од екваторот, таа е многу блиску до Европската унија“, изјави Меркел која ја нагласи неопходноста и од интегрирање на мигрантите во Германија.

„Една работа е апсолутно неопходна за интеграција, а тоа е дека оние кои доаѓаат кај нас, не само што треба да ги почитуваат нашите закони и да се воздржуваат од кривични дела, туку исто така треба да се приспособат на земјата во која дојдоа и да ги почитуваат нашите основни вредности“, рече Меркел.

Таа инсистира на ова и покрај последните анкети кои покажуваат голем пад на нејзиниот рејтинг во земјата поради политиката на отворена врата спрема мигрантите и бегалците.

Според последното истражување објавено деновиве, 40 насто од Германците сакаат нејзина оставка.

Овој процент се зголеми по бранот насилства за време на новогодишната ноќ во неколку германски градови за кои беа обвинувани мигрантите главно од северна Африка.

Како одговор на тоа, германската влада ги заостри правилата за добивање азил, вклучувајќи и двегодишна забрана за доаѓање на семејствата на азилантите во Германија и забрзана депортација на оние што не ги исполнуваат условите за азил.

Берлин повторно воведе контроли на границата со Австрија, особено на оние места што ги користат мигрантите и ја забрза процедурата за депортирање на барателите на азил чии апликации се одбиени.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG