Достапни линкови

Дали Русија го забрзува приемот на Македонија во НАТО?


Руската политика која се противи на проширувањето на НАТО на Балканот се обидува да ги попречи плановите на Македонија да стане дел од Алијансата. Може ли да се остварат таквите планови?

Изјавата на заменик премиерот на Русија Дмитри Рогозин дека проширувањето на НАТО на Балканот е провокативен чин е во континуитет на надворешна политика на таа земја коментираат експертите. Не верувам дека може да се промени определбата на Македонија за членство во НАТО, вели Исмет Рамадани од Евроатланскиот Совет во врска со изјавата на Рогозин што тој ја даде во интервју за српските медиуми дека ширењето на НАТО кон Црна Гора и потенцијално кон Македонија отвора сериозни прашања пред Русија. Ваквите изјави се резултат на лошите односи меѓу САД и Русија поради кризата со Украина, а Македонија како земја од Балканот е дел од тие влијанија, дополнува Рамадани.

Македонија како земја од Балканот веќе најверојатно е ставена во тие стратешки цели на надворешната политика на Русија за да може да има влијание и во Македонија. Но не верувам дека Русија веќе може да ги поремети работите во Македонија, затоа што Македонија помина 15 акциони планови и веќе со една нога е во НАТО.
Исмет Рамадани, Евроатлански совет.

„Македонија како земја од Балканот веќе најверојатно е ставена во тие стратешки цели на надворешната политика на Русија за да може да има влијание и во Македонија. Но не верувам дека Русија веќе може да ги поремети работите во Македонија, затоа што Македонија помина 15 акциони планови и веќе со една нога е во НАТО“, вели Рамадани.

Благоја Марковски од Балканскиот Форум за безбедност вели дека приемот на Црна Гора во НАТО и амбициите на Македонија за членство во Алијансата не се совпаѓаат со интересите на Русија. Тој додаде дека со ваквите изјави што се даваат, Русија се обидува Македонија да стане неутрална или незаинтересирана за членство во НАТО како што тоа го прави Србија и оти во тој случај Русија би имала интерес и од економски и од безбедносен аспект на Балканот.

„Приклучувањето на Македонија кон НАТО би бил еден аспект на заокружување во вклучувањето на западен Балкан кон НАТО структурите. Би останале Косово, Босна и Србија и тука многу малку може Русите да остваруваат интерес освен во Србија“, вели Марковски.

Тој вели дека Русија нема влијание дали Македонија ќе стане членка на НАТО, туку дека тоа зависи од нашата држава. Според Рамадани негативното однесување на Русија кон ширењето на НАТО на Балканот ни кажува дека вклучувањето на земјите од Балканот во Алијансата треба да биде приоритет на НАТО.

„Ништо друго не преостанува туку НАТО да направи се со влијанието и кон Грција и Македонија да се најде компромис во врска со името и Македонија најверојатно и треба да биде сега веќе потенцијален кандидат на наредниот самит заедно со Црна Гора да добијат покана односно да бидат членки на НАТО“, додава Марковски.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG