Иако до изборите остануваат уште речиси 5 месеци, вниманието на граѓаните е во активностите на политичките партии. Не е мал бројот на оние кои сакаат, но не веруваат дека следниот изборен циклус ќе помине во фер и демократска атмосфера.
И јас се најдов на еден таков список, без да ме праша еден колега ме запишал и сето тоа го дознав кога ми се јавија од општинскиот комитет на ВМРО –ДПМНЕ.Анкетиран граѓанин.
„Очекувам фер избори, но власта секогаш за време на избори оди по квартови, по градови, села, манипулира,лаже, купуваат гласови, им даваат право да сечат дрва, испустошија се, и со тоа добиваат гласови“.
„Јас сакам да бидат фер изборите, но ниту биле, ниту ќе бидат, ВМРО ДПМНЕ оди со притисоци секаде“, велат граѓани од Прилеп. Многу други се сеќаваат на бројни аномалии кои го следеле текот на изборниот процес и воопшто изборната кампања, минатата година.
„Граѓаните од Република Албанија, што имаат наши документи, што им ги дадоа за еднократна употреба за да можат да гласаат, и истите беа носени да гласаат и истите беа носени и распоредувани на избирачки места, кој каде треба да гласа“.
„Да, има случаи каде што е наложено да гласаат за одредена политичка партија“.
„И јас се најдов на еден таков список, без да ме праша еден колега ме запишал и сето тоа го дознав кога ми се јавија од општинскиот комитет на ВМРО –ДПМНЕ“.
Забележуваат граѓани од пелагонискиот регион. Со цел да се откријат евентуални притисоци врз граѓаните, нарушувањето на нивните, работнички, социјални, граѓански права, а особено правото слободно да гласаат на следните избори, невладината организација „ЦИВИЛ-Центар за слободи“ реализира проект „Граѓански објектив“.
Според невладината проектот е сериозен обид за намалување на индоктринацијата, која што 9 години ја шират диригираните медиуми, меѓу просечните медиумски конзументи во Македонија.
„Откако натрапници во проофесијата ги окупираа медиумите и ја девастираа македонската медиумска сцена, на професионалните новинари не им остана ништо друго, туку да ја спасат честа и достоинството и сопствена и на професијата, низ неколкуте последни ластовички. Овој проект претендира активизмот на граѓанките и граѓаните да го насочи кон граѓанско новинарство, кон известување за сето она што не опкружува, сето тоа да го доближиме до што поголем број граѓани,“, вели Синиша Станковиќ,главен уредник на „ЦИВИЛ Медиа“.
Во рамки на проектот во повеќе региони во Македонија, граѓаните се едуцираат на видео активизам, за да може да регистрираат што повеќе аномалии на теренот, мотивирани за учество во натпревари.
„А, врз основа на тие материјали, видео и фотографски пријави коишто ќе ги поднесуваат граѓанките и граѓаните, новинари соработници на „Цивил“ ќе формулираме барања, јасни, гласни и аргументирани, коишто ќе ги изнесеме во јавноста и ќе бараме промени на политиките и практиките, коишто се однесуваат на политичкиот процес, политичката криза,почитувањето на човековите права и слободи, а особено на гласачкото право“ , изјави Џабир Дерала, претседател на „ЦИВИЛ-Центар за слобода“.
Практичниот дел од проектот, што значи непосредно вклучување на граѓанските новинари започнува во новата година.