Достапни линкови

Има ли простор за повеќе партии?


Кумановци се скептични дека новите политички партии на парламентарните избори во април ќе донесат значителна промена на политичката сцена во партизираното општество.

Партиските турбуленции на двете големи партии ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ и политичката криза во нашата држава се уште се присутни, а најавата на политичката сцена да се појават нови партии, некои од запрашаните кумановци сметаат дека тешко дека ќе имаат видлив успех. Политичките аналитичари сметаат дека освен што ќе им ја заматат водата на големите, нешто позначајно нема да се случи.

Премала држава за толку многу партии, нема простор за толку. Не да бидат само две партии, туку лева и десна опција. Партии може да има колку сака, но треба да се настапува координирано.
Анкетиран граѓанин.

„Се е веќе видено“, велат некои кумановци, а некои пак дека власта се добива со луѓе, но и со пари.

„ВМРО-ДПМНЕ е на власт во Македонија повеќе од десет години, стационирани се на сите добри позиции, верувам дека имаат многу пари така да ќе направат се само да останат на власт. Од друга страна верувам дека ќе дојде СДСМ затоа што се паметни луѓе, кои беа на власт и тие ќе направат се за да повторно ја освојат власта.“

„Мислам дека СДСМ ќе ги земат гласовите. Бидејќи се гледа што направија ВМРО-ДПМНЕ, се на загуби, народот трпи за леб, нема вработувања,нема ништо, преку глава му дојде на народот.“

„ВМРО да не се откажува од власта. Треба криминалците да се откажат од ВМРО. А ВМРО треба да си остане партиципиент во власта онолку колку што заслужува“, велат запрашаните граѓани.

За најава на новите политички партии на парламентарните избори во април идната година, кумановци се скептични дека ќе се случи значителна промена на политичката сцена во партизираното општество од двете големи партии.

„Зависи колку се финансиски потковани.“

РСЕ: Мислите дека е се во парите?

„Сега во оваа ситуација, да.“

„Тоа е пак игра на големите партии.“

„Премала држава за толку многу партии, нема простор за толку. Не да бидат само две партии, туку лева и десна опција. Партии може да има колку сака, но треба да се настапува координирано“, велат некои од запрашаните кумановци кои прифатија да го кажат своето мислење.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG