Балканот се соочува со стaреење на населението, а речиси во сите држави од регионот се случува т.н економска миграција сметаат експерти кои во Охрид дебатираа на меѓународна конференција за демографските процеси во овој дел на Европа. На Балканот има многу низок фертилитет и речиси кај сите земји стапката е под 2,1 проценти, односно под границите за обнова на населението рече Катерина Костадинова-Даскалоска меѓународен експерт за попис.
Од демографска гледна точка ситуацијата не е добра, но едновремено треба да се напомена дека Балканот не се разликува многу во однос на ова прашање од земјите во Европа кои исто така се соочуваат со низок фертилитет и миграција.Бајрон Коѕаминис, претседател на Балканската демографска асоцијација
„Вкупна стапка на фертилитет од 2,1 процент претставува просечен број на деца коишто една жена ги раѓа во текот на својот плоден, фертилен период од 15 до 49 години. Тоа значи дека во просек една жена раѓа 2,1 дете. Тоа е границата која треба за проста репродукција на населението. Сите балкански земји се под тој просек“, вели Даскалоска.
Даскалоска вели дека поради масовното иселување и засиленото стареењето на населението Балканот може да има проблеми со работната сила.
„Секако причините се од најразлична природа и секако дека придонесуваат економските и социјалните услови. Тука се и културните услови, традицијата, ставовите кон семејството и децата. Сега имаме се повеќе одложено стапување во брак и тие се причини кои допринесуваат за се поголем фертилитет“, рече Даскалоска.
Таа уште вели дека иако не учествувала во последниот попис на населението во 2011 годинапрвенствено не се почитувала меѓународната пописна методологија.
„По меѓународни стандарди, сите оние лица коишто живеат надвoр од државата една година или повеќе, не треба да се пресметуваат во вкупното население. Во некои земји може да се собираат податоци, но тие не треба да влезат во вкупното население и да бидат попишани. Кај нас во Македонија во 1994 година први направивме промена на методологијата. Имавме меѓународна експертска група и со нивна помош ја направивме методологијата. Исто така и во 2011 година имавме меѓународна експертска помош но на терен не се почитуваше таа меѓународна методологија. Секако имаше и организациски пропусти“, рече Даскалоска.
Бајрон Коѕаминис претседател на Балканската демографска асоцијација вели дека освен Косово и Албанија сите други држави на Балканот се соочуваат со стареење на населението.
„Земјите од Балканот освен Косово и Албанија се соочуваат со намален фертилитет, односно број на новородени деца, како и со економска миграција која е поизразена во последните пет години. Дополнително Балканот стана главна рута на мигрантите од Сирија, Ирак и Авганистан кои оттука проаѓаат кон западноевропските земји. Од демографска гледна точка ситуацијата не е добра, но едновремено треба да се напомена дека Балканот не се разликува многу во однос на ова прашање од земјите во Европа кои исто така се соочуваат со низок фертилитет и миграција, рече Коѕаминис.
Што се однесува до миграциите на населението во рамки на една држава, тие податоци варираат од Албанија и Косово каде се бележи миграција на населението од селата во градовите, додека спротивна е ситуацијата во Грција или Романија, каде луѓето се повеќе бегаат од градовите и одат да живеат во селските средини, вели Коѕаманис.