Барањето поднесено од опозицијата во Собранието да се разгледаат причините за прекумерното иселување на граѓаните од земјава и актуелизирањето на бројката од над 400 илјади иселени лица во периодот меѓу 1998 и 2012 година, од страна на еминентни светски институции, повторно ја актуелизира оваа болна тема, дотолку повеќе што домашни информации и податоци - нема.
Додека овие позициски, опозициски, невладини и не знам се какви организации истражуваат и лоцираат каде е проблемот, Македонија ќе се испразни сосема.коментар од читател.
Драги од Скопје наведува дека основната причина е економската состојба и изнесува шокирачки податоци дека во Македонија постојат граѓани кои 4 години работат нон-стоп трета смена за фирмата да заштеди на евтината струја. Ситизен резигнирано коментира: „Додека овие позициски, опозициски, невладини и не знам се какви организации истражуваат и лоцираат каде е проблемот, Македонија ќе се испразни сосема; добро де, пензионерите се тука чекајќи вторник, петок, сабота да се возат (читај: да ги возат) безПлатно“.
Какво фрлање народни пари за дијаспората, какви бакрачи. ВИЕ треба да ги решавате проблемите, ние сме само ГОСТИ кои малку помагаме. Младите лавчиња нека крадат помалку, сè ќе биде океј.коментар од читател.
По информацијата дека претставници на ОБСЕ, владиниот секретаријат за спроведување на Рамковниот договор и на дипломатот Питер Фејт, кој учествуваше и во преговорите по кризата во 2001-та, подготвуваат анализа за тоа како се спроведува Рамковниот, Стојан поставува прашање колку лица во бројки се вработени според Рамковниот договор, а Ситизен смета дека ДУИ повторно се фаќа за сламката Рамковен затоа што се ближеле избори и му се обраќа директно на министерот задолжен за спроведување на Договорот: „Џафери, 12 години сте на власт, во коалиција (или со СДСМ, сега со ВМРО-ДПМНЕ), и сега ви текна, чекај Рамковниот да го отвориме.“
Предлогот што го даде премиерот Груевски дека од дијаспората требало да се избираат 20, а не како досега 3 пратеници, го предизвикало нашиот слушател Дежела од Словенија да искоментира: „Какво фрлање народни пари за дијаспората, какви бакрачи. ВИЕ треба да ги решавате проблемите, ние сме само ГОСТИ кои малку помагаме. Младите лавчиња нека крадат помалку, сè ќе биде океј“. А Дуки од Скопје, веројатно иронизира: „Од секој континент барем по двајца пратеници минимум“.
Листата со помошници обвинители што пред некој ден ја објави специјалната обвинителка Јанева продолжува да го предизвикува вашиот интерес, почитувани. Активниот Ситизен коментирал и тука: „Го заборавивте случајот на вашиот колега Кежаровски. За другите допрва ќе чуеме чие тефтерче се користело и под кој број се заведени. Но ајде да почекаме, иако имам чувство дека благодарение на наивноста на некој, сите некако сме превеслани“, напишал слушателот.