Полицијата ja продолжува истрагата за Гошинце каде што полициска караула неодамна беше цел на напад на вооружена група од Косово. Според полициски извори, викендов била спроведна акција во која бил пронајден арсенал оружје за кое се претпоставува дека е дел од оружјето украдено при нападот на Гошинце. Полицијата спровела серија проверки на локации во селото Малина Mаала и Брест во реонот на Танушевци.
Можам да истакнам дека нашата соработка е на високо ниво вклучувајќи ги сите наши заеднички ангажмани кои ги имаме во делот на границата. И во овој случај косовската полиција, односно пограничните единици, имаат одлична соработка со нивните колеги од македонска страна, а во одредени случаеви имаат и заеднички патроли за да се подигне сигурноста во пограничниот дел.Баки Келјани, портпарол на косовската полиција.
Од полицијата информираат дека засега нема приведено ниту едно од осомничените лица за нападот, но информациите кои ги добивале ги потврдувале нивните сомненија за идентитетите на инволвираните.
Од косовската полиција уверуваат дека соработката со македонските полициски сили е одлична. Портпаролот Баки Келјани вели дека од косовска страна будно се следат движењата од Косово на преминот кон Македонија и дека засега не забележале сомнителни активности во тој реон.
На 23 април овој месец косовската полиција беше известена од македонската полиција дека е регистрирана група од 50-тина луѓе на локацијата Кривеник, од македонска страна во близина на Радоша, при што косовската полиција веднаш излезе на местото на настанот заедно со колегите од Македонија и притоа не забележавме ниту едно лице таму.Баки Келјани, портпарол на косовската полиција.
„Можам да истакнам дека нашата соработка е на високо ниво вклучувајќи ги сите наши заеднички ангажмани кои ги имаме во делот на границата. И во овој случај косовската полиција, односно пограничните единици, имаат одлична соработка со нивните колеги од македонска страна, а во одредени случаеви имаат и заеднички патроли за да се подигне сигурноста во пограничниот дел“, изјави Келјани.
Според него, веднаш откако биле информирани за инцидентот во Гошинце и групата од вооружени лица, косовската полиција излегла на терен, но притоа не забележале ниту едно такво лице.
„На 23 април овој месец косовската полиција беше известена од македонската полиција дека е регистрирана група од 50-тина луѓе на локацијата Кривеник, од македонска страна во близина на Радоша, при што косовската полиција веднаш излезе на местото на настанот заедно со колегите од Македонија и притоа не забележавме ниту едно лице таму. По информациите на колегите од македонската полиција дека забележале една група, од наша страна ние утврдивме дека нема ниту едно такво лице“, вели Келјани.
Деновиве преку својот Фејсбук профил се огласи и Мирсад Ндрецај, познат по конфликтот од 2001 година како Командант НАТО. Тој напиша дека заедно со уште неколку поранешни војници на ОВК ја нападнале полициската станица во Гошинце. Истовремено ги негираше пишувањата во одредени медиуми дека тој и групата добиле пари за да го направат тоа. Неодамна полицијата спроведе акција и во Куманово при што приведе три лица, а кај еден од нив пронајде пластичен експлозив. Еден од уапсените бил ветеран на некогашната ОВК.