Достапни линкови

Инцидентот во Гошинце, според МВР, е терористички напад


Архивска фотографија - Општина Липково, во близина на Куманово.
Архивска фотографија - Општина Липково, во близина на Куманово.

Околу 2 часот и 30 минути по полноќ, група од околу 40-тина лица ја нападнале караулата Гошинце во близина на северната граница, изјавија од МВР. Според првичните информации на МВР, се работи за лица од Косово.

Македонија ноќеска беше цел на терористички напад, изјави на прес конференција портпаролот на МВР иво Котевски.

Околу 2 часот и 30 минути по полноќ, поголема група од околу 40-тина лица ја нападнаа караулата Гошинце во близина на северната граница. Лицата биле добро вооружени и носеле маскирани униформи на УЧК и меѓусебе комуницирале на албански јазик.
Иво Котевски, МВР.

„Околу 2 часот и 30 минути по полноќ, поголема група од околу 40-тина лица ја нападнаа караулата Гошинце во близина на северната граница. Лицата биле добро вооружени и носеле маскирани униформи на УЧК и меѓусебе комуницирале на албански јазик. Биле заробени 4-ца полициски службеници кои во моментот биле дежурни во караулата.“

Котевски објасни дека напаѓачите ги разоружале полицајците и тројца од нив врзале со лисици, а еден од нив и го удирале. Напаѓачите го снимиле со камера и целиот настан, вели Котевски.

Иво Котевски.
Иво Котевски.

„Лицето што ја предводело групата на албански јазик преку преведувач којшто говорел на лош македонски јазик со србизми им се обратил на врзаните полицајци со следниве зборови – Ние сме од УЧК пренесете на сите дека ниту Ахмети, ниту Груевски не може да ве спасат. Ние сакаме наша држава и не сакаме никакви Охридски договори. Повеќе никој не смее да дојде нагоре.“

Откако ја соопштиле пораката на врзаните полицајци им било дадено време од половина час пеш да си заминат од караулата, вели Котевски.

„И им биле упатени сериозни закани дека доколку порано го направат тоа или доколку останат, истите ќе бидат ликвидирани. Во меѓувреме членовите на групата го озделе оружјето кое го пронашле во полициската станица и радио врските и им ги искршиле мобилните телефони. По половина час еден од полициските службеници којшто не бил врзан станал ги земал клучевите од лисиците коишто биле оставени на земја во нивна непосредна близина ги одврзал сите колеги и пеш се упатиле по патот надолу, а во еден момент одејќи по патот слушнале долг рафал од автоматско оружје.“

Според првичните информации, вели Котевски, се работи за лица од Косово, но МВР, како што вели, работи на расчистување на случајот и повеќе информации најавија за во текот на денот.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG