Достапни линкови

Не е време за измена на законот за лични карти


Во целиот политички амбиент треба да бидеме внимателно со законите за лични карти и престојувалиште и живеалиште, велат од ДУИ.

Законите за лични карти и за живеалиште и престојувалиште кои владата ги пушти на расправа во собранието месецов, предизвикуваат серија негативни реакции, најмногу за две работи - предлогот на граѓаните кои подолго од три месеци се во странство да им се брише адресата ако не се пријават и издавањето на личните карти да може да биде и надвор од просториите на МВР.

Во целиот политички амбиент во Република Македонија и секако со ова што се случува, мислиме дека со вакви закони кои ги допираат чувствата на секој граѓанин секако дека треба да бидеме многу внимателни.
Рафиз Алити, ДУИ.

Пратеникот од ДУИ Рафиз Алити нагласува дека се во фаза на преговори со поголемиот владин партнер ВМРО-ДПМНЕ, но дека се против овие измени на законите. Тој додава и дека се можни злоупотреби на спорните одредби.

„Кога велиме дека може да се злоупотреби некој член од законот, секако дека може да речеме дека може да има и селективна примена“, вели Алити, кој на прашањето што подразбира под „сега не е политичкиот момент“, вели дека периодов веќе е разнишана довербата во институциите.

„Во целиот политички амбиент во Република Македонија и секако со ова што се случува, мислиме дека со вакви закони кои ги допираат чувствата на секој граѓанин секако дека треба да бидеме многу внимателни“, вели Алити.

Мислам дека практично тоа не е можно, ако има лична карта, ако има куќа, стан, и кога ќе дојде тука практично престојот ќе му биде нелегален. Што треба да прави тој? Да се пријавува во полиција дека дошол тука, што треба да прави понатаму?.
Павле трајанов, Демократски сојуз.

И според Павле Трајанов, пратеник од Демократскиот сојуз, партија која исто така е дел од владината коалиција генерално се создава сомнеж во јавноста за новите законски измени.

„Дали е тоа некаква можност за во идни фер избори кога се подготвуваат лични карти да се користат во изборниот процес или не и тука треба веројатно попис пред да се преземе оваа законска можност, ако веќе може надвор од министерствата, тоа каде ќе се прави“, вели Трајанов.

Конкретно за предлогот да им се брише адресата на живеење на оние кои се во странство подолго од три месеци тој смета дека е добар само од аспект на евиденција на државата но дека отвора други дилеми.

„Мислам дека практично тоа не е можно, ако има лична карта, ако има куќа, стан, и кога ќе дојде тука практично престојот ќе му биде нелегален. Што треба да прави тој? Да се пријавува во полиција дека дошол тука, што треба да прави понатаму?“, вели Трајанов.

Дополнително вниманието на јавноста за овие предлог измени е зголемено поради тоа што доаѓаат и во период во кој опозицијата ги објавува прислушуваните материјали. Дел од нив пак беа поврзани со наводно издавање на лични документи користени за како што тврдат опозиционерите изборни измами.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG