Достапни линкови

Сиромашен народ полесно се контролира


Изборна диктатура
please wait

No media source currently available

0:00 0:08:21 0:00

Изборна диктатура

Секој ден луѓето во Македонија осиромашуваат и што повеќе тие осиромашуваат толку оваа хибридна власт или овој авторитаризам расте, вели во разговор за Радио Слободна Европа, професор Арсим Синани, кој предава на универзитетот во Приштина. Според него, токму поради тоа што луѓето се посиромашни, полесни се за контрола.

Господине Синани Македонија е хибриден режим, оценува Фридом Хаус. Колку во земјата власта под превезот за доброто на народот и општеството, спроведува недемократски политики?

Секој ден луѓето во Македонија осиромашуваат и што повеќе тие осиромашуваат толку оваа хибридна власт или овој авторитаризам расте. Јас се согласувам со Фридом Хаус и ситуацијата е победна од тоа што го вели организацијата.

На кои начини власта владее авторитативно во земјава?

Во сите аспекти. Ние имаме една голема афера од типот македонски Вотергејт, кога не се знае кои граѓани се прислушувани, зошто се прислушувани. Власта ја губи контролата во моментот кога сака да ги контролира институциите и во моментот кога ги контролира медиумите и луѓето преку работните места. Тоа оди сè преку партијата и мислам дека имаме две партии и два столба кои сакаат да контролираат сè во Македонија и во тој момент веќе немаме демократија. Јас мислам дека ситуацијата е многу драматична.

Како граѓаните да препознаат дека всушност мерките на власта не се демократски и нивната цел не е праведна?

Мислам дека тоа е многу лесно да се утврди. Ние гледаме како се движи оваа власт и како е поставена кон граѓаните и гледаме дека секој ден граѓаните осиромашуваат. Во моментот кога тие осиромашуваат, многу полесно тие граѓани да може да ги контролирате и сметам дека тоа се препознава особено кога во медиумите имаме исти вести односно имаме некаква контрола на јавното мислење и демократијата во земјата. Мислам дека тоа се препознава и ние гледаме дека секој ден имаме разновидни проблеми кои не се решаваат и ние и демократијата осиромашуваме.

Која е опасноста за Македонија доколку и натаму се движи во правецот кога партијата е помоќна од државата?

Македонија нема од што да се плаши. Моето мислење е дека во Македонија ќе има нова власт во скоро време и граѓаните го разбрале тоа. Меѓутоа тоа треба да се реши на овој начин. Мислам дека македонско-албанските односи се многу важни и се јасен фактор за стабилноста на земјата. Мислам дека новата генерација на интелектуалци Македонци и Албанци го сфатиле тоа. Треба да и се даде шанса на оваа генерација и не треба да се плашиме од тоа што утре ќе се случи. Тоа што може да и се случи на Македонија е промена. Промените се добри за демократијата и земјата не треба да се плаши од нив.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG