Во Македонија е регистриран пад на демократијата, забележува Фридам Хаус, со што земјата оваа година е сврстена во подолните категории на земји со транзисики влади и хибридни режими. Падот на оценките во неколку категории резултираше со пад на генералната оценка за Македонија, која оваа година изнесува 4, за разлика од минатата кога земјата имаше индекс 3,93. Земјите се оценувани со оценка од 1 до 7, при што 1 е најдобра, а 7 најлоша.
Во извештајот на Фридом хаус, насловен „Нации во транзиција 2014“, Македонија е оценета со индекс 3, 25 за изборниот процес, за цивилно општество има исто толкав индекс, за независност на медиуми има индекс 5, што е влошување, бидејќи лани индексот изнесуваше 4, 75. За правната рамка и независноста на судството, Македонија годинава доби индекс 4, 25, пад има и кај корупцијата, за разлика од минатата година кога индексот бил 4, годинава е 4, 25. За демократско управување на национално ниво земјата има индекс 4, 25, а за управување на локално ниво 3, 75.
Според меѓународната организација два настани допринеле за намалување на оценката за Македонија, тоа се настаните од 24 декември и сето она што му претходеше и следуваше по тој датум, како и растечкото ограничување на новинарските слободи, нотирајќи го тука затворањето на новинарот Томислав Кежаровски и носењето на контроверзниот закон за медиуми.
Џабир Дерала во невладината Цивил вели дека оценките биле очекувани.
„Кога би можело да забележиме на објективноста на оваа оценка на Фридом Хаус може да зборуваме само за тоа дека состојбите се троа полоши отколку што тоа го оценува Фридом Хаус. Ако погледнеме малку подлабоко со тоа што се случува во Македонија со изборите со секојдневниот начин на функционирање на институциите како на централно, така и на локално ниво можеме да забележиме дека состојбата е и полоша од онаа четворка која е дадена во извештајот на Фридом Хаус. “
Земја која има политички затвореници, која не може да спроведе фер и демократски избори, земја во која меѓуетничките односи се во лоша состојба, исто така и медиумите, се не може да се смести во графата демократски земји, додава Дерала.
„Кога сето ова ќе се погледне, ќе се признае и ќе се искаже сериозна политичка волја да се возобнови политичкиот дијалог кој е мртов повеќе години и кога би се поставиле работите на ниво на закон, на владеење на правото и почитување на човековите права, кога таквата политичка волја ќе биде масовна и кога ќе стане масовна атмосфера, тогаш мислам дека има шанси за Македонија, во спротивно ние само одиме надолу.“
Извештајот „Нации во транзиција 2014" покажува дека просечната демократска оценка опаднала во 2013 година - како и во секоја година за изминатата деценија.
„Она што го забележавме во последните неколку години, а особено беше истакнато во 2013 година, е драматичен пад на демократските индикатори во Централна Европа и на Балканот. Тоа сепак е најизразено и најдраматично во Евроазија, а Русија го симболизираше овој пад“вели изготвувачот на извештајот Силана Хабданк Колачковска.
Што се однесува до Балканот, Фридом Хаус регистрира некои позитивни настани како вклучувањето на Хрватска во ЕУ и историски договор меѓу Косово и Србија, но се уште останува проблемот со нефункционалните влади, наведува организацијата, кои придонесуваат за пад на демократијата и со тоа создаваат лоша слика за регионот во целина. Во извештајот се наведува дека на Балконот се уште нема консолидирана демократска земја, а напорите на земјите кон демократизација се променливи. Но сепак, ЕУ продолжува да врши позитивно влијание на Балканот, а изгледите за членство веројатно служат како единствена најголема мотивација за демократското однесување и реформи во овие
земји, наведува Фридам Хаус. Косово со оценка 5, 16, Босна и Херцеговина со индекс 4, 43 и Албанија со 4, 18 се полоши од Македонија. Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Србија со просечни оценки помали од 4 се подобри од земјава.
Она што го забележавме во последните неколку години, а особено беше истакнато во 2013 година, е драматичен пад на демократските индикатори во Централна Европа и на Балканот.Силвана Хабданк Колачковска, Фрадом Хаус.
Во извештајот на Фридом хаус, насловен „Нации во транзиција 2014“, Македонија е оценета со индекс 3, 25 за изборниот процес, за цивилно општество има исто толкав индекс, за независност на медиуми има индекс 5, што е влошување, бидејќи лани индексот изнесуваше 4, 75. За правната рамка и независноста на судството, Македонија годинава доби индекс 4, 25, пад има и кај корупцијата, за разлика од минатата година кога индексот бил 4, годинава е 4, 25. За демократско управување на национално ниво земјата има индекс 4, 25, а за управување на локално ниво 3, 75.
Според меѓународната организација два настани допринеле за намалување на оценката за Македонија, тоа се настаните од 24 декември и сето она што му претходеше и следуваше по тој датум, како и растечкото ограничување на новинарските слободи, нотирајќи го тука затворањето на новинарот Томислав Кежаровски и носењето на контроверзниот закон за медиуми.
Кога би можело да забележиме на објективноста на оваа оценка на Фридом Хаус може да зборуваме само за тоа дека состојбите се троа полоши отколку што тоа го оценува Фридом Хаус.Џабир Дерала, Цивил .
Џабир Дерала во невладината Цивил вели дека оценките биле очекувани.
„Кога би можело да забележиме на објективноста на оваа оценка на Фридом Хаус може да зборуваме само за тоа дека состојбите се троа полоши отколку што тоа го оценува Фридом Хаус. Ако погледнеме малку подлабоко со тоа што се случува во Македонија со изборите со секојдневниот начин на функционирање на институциите како на централно, така и на локално ниво можеме да забележиме дека состојбата е и полоша од онаа четворка која е дадена во извештајот на Фридом Хаус. “
Земја која има политички затвореници, која не може да спроведе фер и демократски избори, земја во која меѓуетничките односи се во лоша состојба, исто така и медиумите, се не може да се смести во графата демократски земји, додава Дерала.
Фридам Хаус регистрира некои позитивни настани како вклучувањето на Хрватска во ЕУ и историски договор меѓу Косово и Србија, но се уште останува проблемот со нефункционалните влади кои придонесуваат за пад на демократијата и со тоа создаваат лоша слика за регионот во целина.Извештај на Фридом Хаус.