Во најновиот извештај на Фридом хаус се оценува состојбата со слободата во 195 земји и 14 територии во текот на минатата година. Секоја од нив добива оценки во две категории: политички права и граѓански слободи. Највисоката е единица, а најслабата е седумка. Македонија и годинава за двете категории е оценета со тројка.
Од регионот во истата група на делумно слободни уште се и Босна и Херцеговина и Косово, додека Србија, Црна Гора и Хрватска се наоѓаат во групата на слободни земји.
Всушност, како што се наведува во извештајот, повеќето европски земји покажуваат висок степен на почитување на демократските стандарди и граѓанските слободи и покрај тоа што некои од нив се соочуваат со растечки национализам како одговор на бранот имигранти.
Сепак, во Европската унија лани не бил забележан пад на оценките.
Фридом хаус како негативен пример ја спомнува Турција, односно авторитарните тенденции на премиерот Реџеп Таип Ердоган и неговото справување со протестите во Истанбул.
Сериозно уназадување на демократските права, според Фридом хаус, имало и во Русија и во Украина.
„Русија е водечка сила во нејзиното соседство и нејзината состојба бележи пад откако Путин стана претседател во 2000 година. Тоа се забрза по неговото враќање на функцијата кога почна систематско справување со граѓанскиот сектор, опозицијата и независните медиуми“, вели за Радио Слободна Европа потпретседателот на Фридом хаус Арч Падингтон.
Изразувајќи загриженост за развојот на ситуацијата во Украина, тој смета дека Соединетите држави мора да преземат поконкретни чекори за осуда на потезите на официјален Киев.
„Многу сме загрижени за Украина. Откако Виктор Јанукович дојде на власт демократијата бележи опаѓање. Ние исто така сме загрижени поради тоа што американската влада не е доволно агресивна во протестите против политиките на украинската влада“, вели Падингтон, оценувајќи дека ограничувањето на медиумите и на јавните дебати им овозможува на луѓето на власт да победуваат на избори и да го искривуваат политичкото опкружување.
Во годинашниот извештај се наведува дека 54 земји во светот лани забележале пад додека 40 земји напредок во политичките права и граѓански слободи.
Ваквиот негативен тренд е веќе осум години едноподруго, најдолг период досега.
Четириесет и осум земји во светот се оценети како неслободни, меѓу нив, Русија, Северна Кореа, Узбекистан, Азербејџан, Авганистан, Сирија, Сомалија, Саудиска Арабија.
Тенденцијата на уназадување доаѓа во време на растечко себесомневање кај лидерите во демократскиот свет, особено Соединетите држави.
„Без повторно утврдување на американското водство, би можело во иднина да се најдеме во ситуација да жалиме за загубените можности, наместо да ги славувиме демократските придобивки“, оценува претседателот на Фридом хаус Дејвид Крамер.

Многу сме загрижени за Украина. Откако Виктор Јанукович дојде на власт демократијата бележи опаѓање. Ние исто така сме загрижени поради тоа што американската влада не е доволно агресивна во протестите против политиките на украинската влада.