И покрај сите извештаи на меѓународната заедница и предупредувања на домашната стручна јавност дека судството е исполитизирано, за министерот за правда Блерим Беџети такво нешто нема. Тој во интервју, за Радио Слободна Европа што ќе биде објавено во целост в недела, изјави дека за политиката нема место во судството. Тој не сакаше да коментира како тогаш во извештајот на Фридом Хаус за Македонија, беше посочен министерот за здравство Никола Тодоров како човек кој што извршил политички притисок врз судиите за да донесат одредена одлука.
„Тврдам дека не е исполитизирано, бидејќи во судството нема место за политиката“, вели Беџети.
РСЕ: Како тогаш го коментирате тоа што ваш колега од коалицијата се најде во извештајот на Фридом Хаус дека вршел притисок врз судот за определена одлука?
„Не ја гледам спрегата за да може да врши притисок?
РСЕ: Сметате дека тој не извршил притисок и извештајот не е точен?
„Не ја гледам спрегата дека министерот за здравство може да врши притисок врз судството“, вели Беџети.
Од друга страна, пак, поранешниот уставен судија Трендафил Ивановски смета дека македонското судство не ги исполнува европските стандарди и дека одамна не е независно. Тој објаснува дека партиското влијание е пресудно.
„За жал судството е првата гранка по која посегнува извршната власт и сето тоа ќе вроди со лоши резултати, како што впрочем се и сегашните резултати. Ставајќи го судството во свој скут со други зборови ја уништува и демократијата, ја уништува и правната држава“, вели тој.
Ивановски објаснува дека формално власта секогаш се повикува на тоа дека нема ингеренции да влијае врз судството.
„Но, така е поставена што самото судство и го дисциплинира и со финансиската поставеност и со кадровската, на секој начин е така поставено што воопшто не може да стане збор за некаква самостојност на самото судство“, вели Ивановски.
Во последниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија е наведено дека е постигнат мал напредок во однос на независноста и непристрасноста на судството. Иако се применуваат основни заштитни мерки, во пракса се потребни натамошни напори за да се гарантира независно и висококвалитетно донесување на одлуки од страна на судовите. Во последниот извештај на Фридом хаус, Македонија доби пониска оценка од онаа во претходниот за правната рамка и независност што, пак, значеше и пад на просечната оценка за демократија. Уназадувањето на судската рамка, како што се наведува, било по алармантните нарушувања на истрагата за познато убиство и по нападниот политички притисок врз судовите од страна на министерот за здравство што фрлија сериозни сомневања врз изгледите за целосна судска реформа. Најголем проблем во Македонија е што владата не го почитува правото и се меша во судството и медиумите, а врши и селективно гонење на политичките противници, оцени американскиот Стејт департмент во годишниот извештај за состојбата со човековите права.
Тврдам дека не е исполитизирано, бидејќи во судството нема место за политиката.Блерим Беџети, министер за правда.
„Тврдам дека не е исполитизирано, бидејќи во судството нема место за политиката“, вели Беџети.
РСЕ: Како тогаш го коментирате тоа што ваш колега од коалицијата се најде во извештајот на Фридом Хаус дека вршел притисок врз судот за определена одлука?
За жал судството е првата гранка по која посегнува извршната власт и сето тоа ќе вроди со лоши резултати, како што впрочем се и сегашните резултати. Ставајќи го судството во свој скут со други зборови ја уништува и демократијата, ја уништува и правната држава.Трендафил Ивановски, поранешен уставен судија.