Ликвидација, Керозин, Монструм, Детонатор, Ровер, Метастаза, Калдрма.
Ова се само дел од имињата на судските случаи кои што го привлекоа интересот на јавноста. Речиси сите поминаа со холувудски изрежирани спектакуларни апсења. Специјалци со целосна борбена опрема изнесуваат од куќа осомничен во пижами, камера иде, тон нема, ама се се снима.
Високи владини функционери потоа задоволни речиси сами им пресудуваат на осомничените со нивните изјави уште пред осомничените да стапнат во канцеларијата на истражниот судија па остануваат обележани за цел живот без разлика дали ќе се докаже дека го сториле делото или не. Илустративен пример за тоа беше случајот на еден истакнат доктор од пулмологија кој според изјавата на министерката за внатрешни работи има „ несоброливи докази“ за направен тежок криминал. По само еден месец доказите испаднаат дека се „ соборливи “ затоа што ги снема во текот на судскиот процес, а обвинението во текот на постапката беше преиначено од примање поткуп во противзаконско посредување. Човекот притворен за едно, од затвор излезе обвинет за друго со парична казна, а тоа што специјалци го носеа пред очите на јавноста е сосема друга приказна.
Манифестирање сила, прекршување на човековите права, исполитизирана спектакуларност и популизам, се дел од оцените на експертите за последните филмски акции на полицијата кои подоцна се претворија во судски процеси во кои речиси за сите е определена мерка притвор истата редовно продолжувана.
Од дуканџии, до историчари, лекари, вработени на наплатни рампи. Тоа се луѓе кои изминатава година седнаа на обвинителна клупа. Највпечатлив случај од нив е каде што судии, адвокати, обвинител и новинар седат на иста страна и тоа како обвинети. Ова е предмет кој што поради специфичната структура на обвинети несомнено ќе остане запишан во историјата на македонското судство.
Многумина аналитичари, адвокати, поранешни судии како и активисти за човекови права укажуваат дека македонското судство е далеку од независно и во скут на власта. Тие велат дека извршната власт дирекно не влијае врз судството, но ги користи своите законски инструменти за да го држи во цврсти спреги, кои за граѓаните не се секогаш лесно воочливи.
Поранешниот уставен судија Трендафил Ивановски вели дека не може да се каже оти македонското судство ги исполнува европските стандарди и дека тоа не е независно. Извршната власт е наметната, а партиското влијание е пресудно, вели Ивановски.
„За жал судството е првата гранка по која посегнува извршната власт и сето тоа ќе вроди со лоши резултати, како што впрочем се и сегашните резултати, а тоа значи дека не се остварува правораздавањето, а штом судството не може да ја извршува својата улога, тогаш во основа тука не постои ни правна држава“, вели поранешниот уставен судија Трендафил Ивановски.
Формално власта нема ингеренции врз судството, но на индиректен начин влијае преку неколку облици од кадровска до финансиска поставеност при што ги потсетува судиите на самодисциплинирање, објаснува Ивановски.
„Влијанието, облиците се сестрани, почнувајќи од третманот на судскиот совет, почнувајќи од третманот на буџетирањето, од материјалните средства за судските потреби. Во секој поглед се наметна со своето формално однесување, со влијанието на целата сфера, се постави така да судството не се чувствува и воопшто не може да се спротистави во било кој поглед.“
Директорката на Хелсиншкиот комитет Уранија Пировска вели дека главниот проблем во судството е влијанието на извршната власт врз донесувањето на судските одлуки.
„Пред се зборувам за оние изјави и соопштенија со кои излегува Министерството за внатрешни работи уште кога се врши приведувањето на одредена личност, со што директно се влијае и се насочува судот, како понатаму треба да постапува“, вели директорката на Хелсиншкиот комитет Уранија Пировска.
Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ кој во своето долгогодишно искуство беше бранител во големите случаи како Ореше, Калдрма и Фаланга 2, вели дека се повеќе станува забележлива ерозијата на судството. Давидовиќ објаснува дека некогаш судиите биле бирани од делегатите од општините, а сега имаат свој самостоен буџет и се избрани од нивно тело кое е избрано од судии, но како никогаш досега не биле понесамостојни.
„Затоа што Судот буквално нема свој став, значи сето она што ќе го предложи Обвинителството, Судот го прифаќа, го уважува, затоа и се определуваат притвори каде решението се прави по шаблон, затоа судските пресуди се такви какви што се и од тоа причина е успешност на Обвинителството со деведесет и нешто отсто од предметите што е непоимливо. Некогаш судот имаше свој став, знаеше да исфрли квалитетни судски пресуди кои беа една логична целина што ја цитиравме и употребувавме, денес такво нешто нема за жал.“
Тој додава дека денес правдата се сведува само на бројки за завршени предмети.
„Еден скопски судија има 300 предмети, значи зборуваме за човечки судбини кадешто грешките не се поправаат. Како прво еднаш во 30-40 денови го гледа обвинетиот и не може точно да определи, да ја индивидуализира казната баш од причина што не го ни познава обвинетиот, едноставно го гледа како број на предмет и она што во предметот го тврди Обвинителството.“
Но по трето рочиште од случајот Ликвидација адвокатот Јован Јоанидис, кој застапува еден од обвинетите во предметот, изјави дека со овој случај за прв пат во судската пракса му се суди директно на судството.
„Верувам дека не им е лесно на судиите затоа што ова е судење на правосудството, а не на обвинетите, а новинарот Томислав Кежаровски е колатерална штета“ .
Поранешниот уставен судија Ивановски вели дека кога третман на правдата се адвокатите судиите и обвинителите и кога се обидува да се удри по арбитрот тоа е јасен сигнал во кој правец тргнала демократијата.
„Во суштината кога ќе се навлезе, ќе се види дека борбата е од претходно веќе да се влијае за да нема друг обид веќе, за да се спротивстави на таквите обиди. Постои еден страв за својата егзистенција, страв за самата функција и во добар дел нема веќе храбри судии.“
Адвокатот Давидовиќ вели дека фелата случајот Ликвидација го доживува како притисок.
„Тоа е еден притисок и врз нас, утре и во работењето, едноставно не знаете, се плашите за тоа до каде е границата, до каде можете да работите. Има законски граници и јас не знам колега кој ги пречекорил тие законски граници. Но доаѓате до една ситуација во која многу лошо изгледа на обвинителна клупа да се најдат судија, обвинител, адвокат и новинар. Навистина во нашата фела се создаде едно неубаво чувство, една голема нелагодност .“
Давидовиќ беше бранител на обвинетите во случајот Ореше, кадешто беше употребен првиот таканаречен загрозен сведок, случај кој што подоцна стана предмет и случајот Ликвидација.
„Гледаме дека на нашиот предмет Ореше се врши притисок и дека на нашиот предмет се фрла сомнеж и сенка преку другиот предмет.“
Во Ликвидација станува збор за осуммина обвинети кои се товарат за „примање поткуп“, „злоупотреба на службената положба и овластување“, „неовластено оддавање информации и податоци за сведоците, соработниците на правдата, жртвите кои се јавуваат во својство на сведоци и нивните блиски лица“, „противзаконито посредување“, дело кое инаку не постои како такво во Кривичниот законик бидејќи е преименувано во „примање награда за противзаконито влијание“ и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали.
Со тоа што е приведен и новинар, случајот доби на гласност и во светските медиуми, а дополнително интерес за него пројавија разни странски невладини и новинарски организации и ОБСЕ. Тие изразија загриженост за степенот на демократија во земјава и за влијанието на власта врз новинарската фела со притворањето на новинар. Во една преписка претставникот на ОБСЕ за слобода на медиуми Дуња Мијатовиќ изрази загриженост за апсењето и прекумерно долгиот притвор за Кежаровски и истакна дека таквата ситуација има негативно влијание врз слободата на медиумите во земјава.
На тоа премиерот Никола Груевски возврати дека е непримерно нејзиното барање за асистенција од премиерот за да и се дозволи посета на Кежаровски и дека е непримерно тоа што таа испратила копија од нејзиното писмо до Кривичниот совет на основниот суд затоа што тоа би се сфатило како своевиден притисок врз судот. Тој во писмото истакна дека власта немала никаква врска со притворот на Кежаровски. За неговиот писмен одговор Мијатовиќ во изјава за Балкан Инсајт истакна дека македонскиот премиер не може да ја избегне одговорноста за случајот на притворениот Кежаровски. Мијатовиќ вели дека не може да ја прифати оценката на Груевски оти одговорност е на политичкото водство да осигура дека законите во земјата ги заштитуваат новинарите и не ги сместуваат во затвор поради напишан збор.
Судските процеси во кои директно се инволвирани политичарите преку тужби за душевна болка поради клевета се најдобрата илустрација за тоа како експресно се донесуваат одлуки особено кога станува збор за луѓе кои се блиски до власта. Како пример Пировска ги наведува и случаите кога граѓанин ќе се пожали на прекумерна употреба на полициска сила тогаш правдата е побавна.
„Кога граѓанин ќе се пожали дека бил жртва на физичко насилство, односно на прекумерна употреба на сила од страна на полициски службеник, во истиот момент полицијата поднесува пријава против граѓанинот за напад на службено лице. Постапката која се води против граѓанинот завршува експресно брзо, додека постапката која што се води против полицискиот службеник се одолговлекува, што значи дека правдата во тие случаи, дали станува збор за политичар или за полициски службеник или кој било кој е близок до власа, постои голема селективност.“
Пироска вели дека годинава за прв пат се случи судиите за време на летниот период да работат со полна пареа од проста причина што во фиоките имаат многу притворски предмети, а во затворите веќе има пренатрупаност. Таа додава дека кога станува збор за одредувањето на мерката притвор особено во случаите каде што има политичка заднина е забележлива судската „ефикасност“.
Експресното донесување на судската пресуда со која претседателот опозициската партија НСДП Тито Петковски треба да му плати на премиерот Никола Груевски 10.000 евра за клевета и за нарушување на честа и угледот е уште една потврда дека судските процеси се брзи кога тужат претставници на извршната власт, оценуваат судските експерти. Судските процеси не треба да се одложуваат непотребно, но праксата во Македонија покажува дека и тука се применува селективниот пристап, вели Маргарита Цаца Николовска, поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
„Да не зборувам за она што се зборуваше во јавноста и во круговите на адвокатите, во круговите на судиите, дека постои некаков однос на укажување дека предметите каде што се јавува како тужена страна државата да се одолговлекуваат, особено во оној дел каде што станува збор за некакви парични побарувања“, вели Цаца Николовска.
Еден од примерите кои потврдуваат дека предметите во кои тужениот е државата или претставниците на извршната власт се одолговлекуваат е и оној на здружението Граѓани за европска Македонија кое го тужи вицепремиерот Зоран Ставрески за клевета. Судскиот спор трае повеќе од две години, а Ставрески ниту еднаш не се појави во судницата.
Овие постапки уште еднаш го потврдуваат фактот дека сè уште нашата судска власт, судството во Македонија не е независно во вистинска смисла на зборот.
И професор Осман Кадриу вели дека наведените примери за дијаметрално различните временски интервали во кои се решаваат конкретните спорови укажува на заклучокот дека судството во Македонија не е независно. Најавените реформи во судството и законите кои се донесени треба да се почитуваат. Нивното спроведување во праксата наидува на проблеми и токму на тоа треба да се внимава за да се надминат овие состојби во судството, вели професор Кадриу.
„Сè додека не се активира механизмот на одговорност за вршење, односно не вршење на функциите согласно Уставот и законите, ние постојано ќе имаме вакви појави“, заклучува Кадриу.
Селективниот пристап во одлучувањето не е лесно да се докаже, но праксата не покажува дека станува збор само за субјективно гледање на работите, вели Цаца Николовска. Состојбата во судството во повеќе сегменти е лоша и постојат многу проблеми кои бараат сериозен пристап и суштинско менување на работите, посочува таа.
„Изборот, разрешувањето, оценката на судиите... Голем број од тие критериуми се доведени во прашање затоа што или нема соодветни критериуми или се тоа такви критериуми што може да се толкуваат различно“, вели Цаца Николовска.
Еден од поважните фактори за одржувањето на правната држава е ограничувањето на моќта на владите преку Уставот, законите, парламентарната и судската контрола, како и набљудувањето од страна на независни тела. Раководител во Фондацијата „Конрад Аденауер“, Торстен Гајслер, во едно свое обраќање во месечникот на Фондацијата за информации од странство порачува дека на Западниот Балкан е евидентно мешањето на владите во правосудниот ситем. Додека старите политички елити низ земјите со едната нога сигурно влегуваа во демократските институции, со другата продолжија да вршат влијание врз општествениот развој преку веќе воспоставената моќ и, уште повеќе, на својата стара слава. Ова влијание не изостана ниту од правосудните системи: макотрпниот реформски процес исфрли на виделина два клучни недостатока што со години се провлекуваат низ судското секојдневие во регионот: широко распространета корупција и недозволиво мешање на владите, пишува Гајслер.
Тој наведува оти откриените случаи на корупција ретко добиваат завршница во повеќето земји, бидејќи јавните обвинителства се уште делумно се наоѓаат под политичко влијание, а мерките за сузбивање на корупцијата многу често наидуваат на политички отпор.
„Недостатоците во организирањето на работата на судовите, непрегледните парнични постапки и отсуството на традиција за решавање спорови надвор од правосудниот систем, како на пример преку посредување, се само дел од причините за оптовареноста на судовите, чија работа е видно одолговлечена. Европската комисија во повеќе наврати предочува дека судовите во ЈИЕ имаат вистински проблем со преголемиот обем на работа, особено во Албанија, но постојат и примери што се подобри дури и од некои консолидирани демократии на запад: бројот на тековни судски предмети на секој стоти жител во Бугарија и во Романија е под просекот на Европската унијата“, вели Гајслер.
Ова се само дел од имињата на судските случаи кои што го привлекоа интересот на јавноста. Речиси сите поминаа со холувудски изрежирани спектакуларни апсења. Специјалци со целосна борбена опрема изнесуваат од куќа осомничен во пижами, камера иде, тон нема, ама се се снима.
За жал судството е првата гранка по која посегнува извршната власт и сето тоа ќе вроди со лоши резултати, како што впрочем се и сегашните резултати, а тоа значи дека не се остварува правораздавањето, а штом судството не може да ја извршува својата улога, тогаш во основа тука не постои ни правна држава.Трендафил Ивановски, поранешeн уставен судија.
Високи владини функционери потоа задоволни речиси сами им пресудуваат на осомничените со нивните изјави уште пред осомничените да стапнат во канцеларијата на истражниот судија па остануваат обележани за цел живот без разлика дали ќе се докаже дека го сториле делото или не. Илустративен пример за тоа беше случајот на еден истакнат доктор од пулмологија кој според изјавата на министерката за внатрешни работи има „ несоброливи докази“ за направен тежок криминал. По само еден месец доказите испаднаат дека се „ соборливи “ затоа што ги снема во текот на судскиот процес, а обвинението во текот на постапката беше преиначено од примање поткуп во противзаконско посредување. Човекот притворен за едно, од затвор излезе обвинет за друго со парична казна, а тоа што специјалци го носеа пред очите на јавноста е сосема друга приказна.
Пред се зборувам за оние изјави и соопштенија со кои излегува Министерството за внатрешни работи уште кога се врши приведувањето на одредена личност, со што директно се влијае и се насочува судот, како понатаму треба да постапува.Уранија Пировска, директорка на Хелсиншкиот комитет на Македонија.
Манифестирање сила, прекршување на човековите права, исполитизирана спектакуларност и популизам, се дел од оцените на експертите за последните филмски акции на полицијата кои подоцна се претворија во судски процеси во кои речиси за сите е определена мерка притвор истата редовно продолжувана.
Затоа што Судот буквално нема свој став, значи сето она што ќе го предложи Обвинителството, Судот го прифаќа, го уважува, затоа и се определуваат притвори каде решението се прави по шаблон, затоа судските пресуди се такви какви што се и од тоа причина е успешност на Обвинителството со деведесет и нешто отсто од предметите што е непоимливо. Некогаш судот имаше свој став, знаеше да исфрли квалитетни судски пресуди кои беа една логична целина што ја цитиравме и употребувавме, денес такво нешто нема за жал.Ѕвонко Давидовиќ, адвокат.
Многумина аналитичари, адвокати, поранешни судии како и активисти за човекови права укажуваат дека македонското судство е далеку од независно и во скут на власта. Тие велат дека извршната власт дирекно не влијае врз судството, но ги користи своите законски инструменти за да го држи во цврсти спреги, кои за граѓаните не се секогаш лесно воочливи.
Поранешниот уставен судија Трендафил Ивановски вели дека не може да се каже оти македонското судство ги исполнува европските стандарди и дека тоа не е независно. Извршната власт е наметната, а партиското влијание е пресудно, вели Ивановски.
„За жал судството е првата гранка по која посегнува извршната власт и сето тоа ќе вроди со лоши резултати, како што впрочем се и сегашните резултати, а тоа значи дека не се остварува правораздавањето, а штом судството не може да ја извршува својата улога, тогаш во основа тука не постои ни правна држава“, вели поранешниот уставен судија Трендафил Ивановски.
Формално власта нема ингеренции врз судството, но на индиректен начин влијае преку неколку облици од кадровска до финансиска поставеност при што ги потсетува судиите на самодисциплинирање, објаснува Ивановски.
Да не зборувам за она што се зборуваше во јавноста и во круговите на адвокатите, во круговите на судиите, дека постои некаков однос на укажување дека предметите каде што се јавува како тужена страна државата да се одолговлекуваат, особено во оној дел каде што станува збор за некакви парични побарувања.Маргарита Цаца Николовска, поранешна судијка во Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур.
Директорката на Хелсиншкиот комитет Уранија Пировска вели дека главниот проблем во судството е влијанието на извршната власт врз донесувањето на судските одлуки.
„Пред се зборувам за оние изјави и соопштенија со кои излегува Министерството за внатрешни работи уште кога се врши приведувањето на одредена личност, со што директно се влијае и се насочува судот, како понатаму треба да постапува“, вели директорката на Хелсиншкиот комитет Уранија Пировска.
Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ кој во своето долгогодишно искуство беше бранител во големите случаи како Ореше, Калдрма и Фаланга 2, вели дека се повеќе станува забележлива ерозијата на судството. Давидовиќ објаснува дека некогаш судиите биле бирани од делегатите од општините, а сега имаат свој самостоен буџет и се избрани од нивно тело кое е избрано од судии, но како никогаш досега не биле понесамостојни.
Сè додека не се активира механизмот на одговорност за вршење, односно не вршење на функциите согласно Уставот и законите, ние постојано ќе имаме вакви појави.Осман Кадриу, универзитетски професор.
„Затоа што Судот буквално нема свој став, значи сето она што ќе го предложи Обвинителството, Судот го прифаќа, го уважува, затоа и се определуваат притвори каде решението се прави по шаблон, затоа судските пресуди се такви какви што се и од тоа причина е успешност на Обвинителството со деведесет и нешто отсто од предметите што е непоимливо. Некогаш судот имаше свој став, знаеше да исфрли квалитетни судски пресуди кои беа една логична целина што ја цитиравме и употребувавме, денес такво нешто нема за жал.“
Тој додава дека денес правдата се сведува само на бројки за завршени предмети.
Недостатоците во организирањето на работата на судовите, непрегледните парнични постапки и отсуството на традиција за решавање спорови надвор од правосудниот систем, како на пример преку посредување, се само дел од причините за оптовареноста на судовите, чија работа е видно одолговлечена. Европската комисија во повеќе наврати предочува дека судовите во ЈИЕ имаат вистински проблем со преголемиот обем на работа, особено во Албанија, но постојат и примери што се подобри дури и од некои консолидирани демократии на запад: бројот на тековни судски предмети на секој стоти жител во Бугарија и во Романија е под просекот на Европската унијата.Торстен Гајслер, раководител во Фондацијата „Конрад Аденауер“.