Голем број на обвинети лица, зголемена употреба на превентивни истражни мерки, честа примена на притвор, предолги и одложени судски процеси, како и судење во отсуство, се дел од забелешките во извештајот „Судска ефикасност во справување со организираниот криминал и корупција“, кој го изработи Коалицијата за правично судење. Во извештајот се обработени 37 предмети од Основниот суд Скопје во период од септември 2012 година до август оваа година. Професор Гордан Калајџиев вели дека 15 предмети биле завршени, а 22 сè уште се во тек, при што биле обвинети 438 лица.
„Значи, голем број на обвинети, што само по себе носи определени правни практични компликации, коишто се одразуваат и на ефикасноста на постапката, во принцип ја забавуваат, и на правата на осомничените коишто исто така на некој начин се остваруваат во покомплицирани услови“, вели Калајџиев.
Најголем дел од кривичните дела биле злоупотреба на службената положба и овластување, злосторничко здружување и перење пари и други приноси. Според Калајџиев, казнената политика кај овие дела е строга, бидејќи ослободителна пресуда имало само за едно лице од 204 осудени.
„Овој степен на ефикасност е навистина рекорден и тоа го потврдува она што се зборува во јавноста дека судиите просто ги фаќа паника и немаат намера воопшто да ослободат некого што е обвинет за организиран криминал и тие по дефиниција завршуваат со притвор и со осудителна пресуда“, вели Калајџиев.
Проект координаторот во Коалицијата за правично судење Гоце Ситникоски вели дека целната група на проектот биле судиите и јавните обвинители, како и стручната јавност.
„Главната цел на проектот е да се зајакне независноста, ефикасноста, правичноста на судството во борба против организираниот криминал и корупцијата, како и да се придонесе во соодветна имплементација на судските реформи согласно стратешките документи на Република Македонија за интегрирање во ЕУ“, вели Ситникоски.
Според експертите, добро е да имаме ефикасна борба против организираниот криминал и корупција, но таа да биде спроведена со сите гаранции на правната држава за да се зајакне довербата на граѓаните во судството.
Овој степен на ефикасност е навистина рекорден и тоа го потврдува она што се зборува во јавноста дека судиите просто ги фаќа паника и немаат намера воопшто да ослободат некого што е обвинет за организиран криминал и тие по дефиниција завршуваат со притвор и со осудителна пресуда.Гордан Калајџиев, универзитетски професор.
„Значи, голем број на обвинети, што само по себе носи определени правни практични компликации, коишто се одразуваат и на ефикасноста на постапката, во принцип ја забавуваат, и на правата на осомничените коишто исто така на некој начин се остваруваат во покомплицирани услови“, вели Калајџиев.
Најголем дел од кривичните дела биле злоупотреба на службената положба и овластување, злосторничко здружување и перење пари и други приноси. Според Калајџиев, казнената политика кај овие дела е строга, бидејќи ослободителна пресуда имало само за едно лице од 204 осудени.
Главната цел на проектот е да се зајакне независноста, ефикасноста, правичноста на судството во борба против организираниот криминал и корупцијата.Гоце Ситникоски, проект координатор во Коалицијата за правично судење.