Достапни линкови

Ружин – Не е само името, под прашалник е и исполнувањето на критериумите


Дали воопшто може Грција да излезе од еврозоната?
please wait

No media source currently available

0:00 0:08:31 0:00

Дали воопшто може Грција да излезе од еврозоната?

Во Македонија се наметнува друг проблем, бидејќи проблематичната демократија, проблемите на неисполнување на копенхагенските стандарди, ја става Македонија во многу неповолна ситуација, вели поранешниот амбасадор во НАТО, професор Нано Ружин.

Професорите Ружин, на Грција и ја продолжија кредитната поддршка од ЕУ за четири месеци, но тоа е привремено. Како овие случувања ќе имаат влијание врз Македонија на економски план, со оглед на тоа што имаме големи банки со грчки капитал?

Секако дека оваа криза којашто е една од најголемите во последно време во ЕУ може да има одреден фидбек и врз соседните држави, пред сè врз оние држави коишто имаат одредени институции, банки од Грција, како што е случајот со Република Македонија. Земјава има две банки со грчки капитал, Стопанска и Алфа банка. Нормално дека некој експерт од банкарската сфера многу подетално би ги објаснил овие елементи, но единствено може да констатираме дека доколку дојде до извезен банкрот на Атина, тогаш постои можност да биде доведена во прашање солвентноста на банките. Од друга страна, можни се и други елементи, како паѓање на цените на производи за широка потрошувачка итн., но засега тоа се прашања коишто заслужуваат едно условено анализирање, бидејќи ЕУ е решена да ја спаси Грција.

Од политички аспект сега сите погледи се свртени кон финансиската криза во Грција и никој не го споменува спорот за името. Какво влијание ќе имаат овие случувања на политички план кај нас?

Сириза има, барем историски гледано, еден пофлексибилен однос кон прашањето за името, иако во некои изјави покажаа дека ќе ја следат некогашната политика на Нова демократија, односно ПАСОК, но веројатно ќе дојде до некакво олабавување на односите. Нормално дека во овој момент Грција не е окупирана со ова прашање, колку што сме ние преокупирани. Секако дека и тука се можни одредени пријатни изненадувања за Македонија, односно зошто да не почеток на преговори со ЕУ под референцата, но кога веќе зборуваме за тоа во Македонија се наметнува друг проблем, бидејќи проблематичната демократија, проблемите на неисполнување на копенхагенските стандарди, ја става Македонија во многу неповолна ситуација. Тоа за жал деновиве е мошне актуелна тема, којашто ја смалува позицијата на Република Македонија да направи нешто позначајно на овој план.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG