Достапни линкови

Граѓаните со свои видувања за излез од кризата


Хан - Собраниска комисија за „Прислушувањето“
please wait

No media source currently available

0:00 0:09:36 0:00

Хан - Собраниска комисија за „Прислушувањето“

Преодна влада или меѓународно посредништво како излез од политичката криза во Македонија. Почитувани - ова се вашите коментари

Еврокомесарот Јоханес Хан си замина, но коментарите по неговото интервју за Радио Слободна Европа продолжуваат.

Требаше да почека барем три часа, за да види на дело како функционираат институциите на системот. Има многу други работи кои навистина не ги знае или се прави дека не ги знае!
Коментар од читател.

Рацио од Скопје, на пример, прави паралела помеѓу актуелната власт и нацистичка Германија, па не му е јасно, како што напишал, упорното повикување на политичка разрешница на кризата со аудио-снимките во Парламентот. Тоа е, вели, како по поразот од сојузниците во 1945 година тие да барале политичката криза во нацистичка Германија да се решава политички и тоа во институциите на Рајхстагот. Рацио смета дека единствен можен арбитер е меѓународна комисија, затоа што не гледа можност за решавање на кризата во македонските институции.

Загрижен од Македонија, коментира дека еврокомесарот Хан многу малку го чекал премиерот во седиштето на ЕУ во Скопје. „Требаше да почека барем три часа, за да види на дело како функционираат институциите на системот. Има многу други работи кои навистина не ги знае или се прави дека не ги знае!“

За оваа власт чувствувам презир и сметам дека нема легитимитет да ја води државата. Колку повеќе спинува, толку повеќе се заглавува во кал. Колку побрзо си замине, толку подобро за сите.
Коментар од читател.

Лазар му забележува на еврокомесарот дека ЕУ нема никаков интерес за Македонија и дури иронично наведува дека 660 милиони евра, колку што за 6 години добила државава, се доволни само за едногодишна исплата на пензионерите, а каде се, вели, здравството, образованието, инфраструктурата и слично.

Пиле не се согласува со препораката на дипломатот Хан за враќање на опозицијата во Парламентот, туку дека треба јасно и недвосмислено да порача дека земјава ќе ја изгуби препораката за добивање датум за преговори доколку сега и веднаш не се зафати со борба против нарачателите на вакви грозоморни апсења и политички прогони.

Нашиот текст „Јавноста се разгневува, институциите молчат“, пак, во врска со аудио-снимките презентирани од лидерот на СДСМ, Заев, Гневен од Скопје го коментира вака: „За оваа власт чувствувам презир и сметам дека нема легитимитет да ја води државата. Колку повеќе спинува, толку повеќе се заглавува во кал. Колку побрзо си замине, толку подобро за сите“.

Инаку, во нашата анкета, на прашањето: „Дали мислите дека преодна влада е решение за политичката криза?“, над 58 отсто од оние што гласале одговориле со „да“, а 35 отсто дале негативен одговор.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG