Станува збор за разговори, според Заев, меѓу премиерот Никола Груевски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески во кои премиерот дава насоки како да се урне објектот „Космос“, милионска инвестиција на Фијат Цаноски. За да се сфати контекстот на времето и настаните треба да се потенцира дека разговорите, според Заев, датираат во периодот на затворањето на А1 телевизија и апсењето на нејзиниот сопственик Велија Рамковски. Таргетираниот во случајот, Фијат Цаноски е сват на Рамковски кој тогаш ја напушти владејачката коалиција и и се приклучи на коалицијата, предводена од СДСМ.
Како одела целата координација, според она што го објави Заев:
Инаку, одговарајки на новинарски прашања, Заев најави дека чекор по чекор, ќе бидат објавени, како што рече, докази и за тоа до каде отишол премиерот Никола Груевски во врска со преговорите за името, како и за манипулации на изборите во 2011-та, 2013-та и 2014-та.