Официјално, членовите на Рускиот истражен комитет и други врвни претставници на власта се воздржани од конкретни обвинувања, наведувајќи дека Немцов би можело да биде жртва „на оние кои не запираат пред ништо во остварувањето на нивните политички цели“.
И двете страни во конфликтот имаат многу радикални личности во нивните редови.Владимир Маркин, портпарол на Рускиот истражен комитет.
Повеќето Руси ваквата нејасна дефиниција ја поврзуваат со Соединетите Држави. Кремљ постојано го обвинува Вашингтон за организирање на протестите во Киев и за соборувањето на тогашната украинска влада, како и за тоа дека се обидува тоа истото да го стори и во Русија.
Во онлајн анкетата на една Антимајдан организација, скоро 45 отсто од Русите мислат дека Соединетите Држави го аранжирале убиството на либералот Немцов со цел да испровоцираат слични протести како и во Киев.
Во онлајн анкетата на една Антимајдан организација, скоро 45 отсто од Русите мислат дека Соединетите Држави го аранжирале убиството на либералот Немцов со цел да испровоцираат слични протести како и во Киев.
Во истата анкета на второ место се најде руската опозиција, секако со истата цел.
Тоа го мисли и чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, но некои руски невладини медиуми како „Новаја Газета“ потсетуваат дека Немцов бил под закана од Кадиров поради неговите критики за чеченскиот лидер.
Руските истражни органи соопштија дека тие имале докази оти Немцов бил под закана и поради неговата јавна поддршка на секуларноста и на правото на слободно изразување по убиствата во францускиот „Шарли ебдо“.
Некои руски медиуми ја цитираат полицијата дека истражувала бел автомобил од типот „Лада“, оставена во близина на убиството, која била регистрирана во кавкаската република Ингушетија.
Немцов остро се противеше на руската инволвираност во источна Украина и наскоро требало да објави, како што самиот изјави, непобитен доказ за руската улога во украинската криза.
Портпаролот на Рускиот истражен комитет, Владимир Маркин, оцени дека виновник за убиството на Немцов била Украина.
„И двете страни во конфликтот имаат многу радикални личности во нивните редови“, изјави тој сугерирајќи на проукраинските националисти и на проруските бунтовници како на можни виновници.
Има и такви кои велат дека Немцов бил убиен од некој незадоволен руски борец кој се вратил од Донбас.
Неколку часа по смртта на Немцов на Твитер се појавија десетици исти непристојни пораки кои сугерираат дека тој бил убиен од љубоморен Украинец затоа што му ја презел девојката.
За време на убиството Немцов бил во друштво со 23-годишната украинска моделка Ана Дурицкаја со која бил заедно неколку години. Таа во нападот не била повредена.
Некои медиуми јавуваат дека Дурицкаја неодамна била во Швајцарија за да абортира.
Некои теории, пак, велат дека таа била само искористена да го насочи Немцов на местото на убиството мостот Москворетски во близина на ѕидините на Кремљ.