Достапни линкови

САД сакаат силна и просперитетна Русија


Средба во Ново Огарјево во близина на Москва.
Средба во Ново Огарјево во близина на Москва.
На вториот ден од посетата на Москва американскиот Претседател Барак Обама се состана со рускиот премиер Владимир Путин, кој на Обама му се обрати со следниве зборови.

,,Руско - американските односи имаат голема историја. Имаше добри и лоши времиња, дури и конфронтации. Нашите надежи ги поврзуваме со вашето име,,.

Барак Обама возврати.

,,Ние веруваме дека ова е извонредна можност да ги поставиме аmериканско – руските односи на поцврста основа. Можеби нема за се да се согласиме, но јас сметам дека заемната почит и консултациите ке им бидат од корист на американкиот и рускиот народ,,.

Обама потоа одржа говор во Новото Економско училиште каде што зборуваше за интересите и основите за заеднилчка соработка. Американскиот Претседател во клучниот говор во Економското училиште во Москва изјави дека судбината на Соединетите Држави и Русија не е да бидат противници. Вашингтон посакува силна просперитетна и мирољубива Русија, порача Барак Обама, кој денеска се сретна со Премиерот Владимир Путин, а има средби и со опозиционите лидери и невладиниот сектор. На дневниот ред на Американскиот Претседател се и средбата со поранешниот советски лидер Михаил Горбачов, како и повторна средба со Претседателот на Русија Медведев. Обама денеска се состанува и со преставници на руската опозиција и со невладиниот сектор на самит на граѓанското општество. Во интервју за Радио Слободна Европа Борис Немцов – основач на групата Солидарност вели.
Средбата на Обама со опозицијата е сигнал дека Белата Куќа и натаму ги подржува демократијата и човековите права во Русија.

,,За Русија е важно, светот да знае дека Русија не е само Путинизмот со стратегија на корумпиран државен капитализам. Тука има луѓе и политички сили кои апсолутно не се согласуваат ова. Тие се алтернатива за слободна и демократска Русија,,.

За Немцов одлуката на Обама за средба со опозицијата е силен сигнал дека Белата Куќа има намера да ги подржува човековите права и демократијата во Русија. Аналитичарите за посетата на Обама на Русија велат дека тој не само што ги обновува американско руските односи туку и се инволвира во руската политичка сцена. Вчера Претседателите Обама и Медведев се согласија за кратење на нуклеарниот арсенал и за договор кој ке овозможи транспорт на америкаските трупи и оружје низ руска територија за Авганистан.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG