Жителите на Русија денеска гласаа на претседателските избори на кои се очекува да победи актуелниот премиер Владимир Путин. Рускиот шеф на изборната комисија Владимир Чуров ги соопшти прелиминарните резултати. Досега се пребројани 14 ипол насто од гласовите, од кои 61.81 се во корист на Путин.
Изборите поминаа во знак на спортиставени извештаи за гласањето. Опозициските лидери Борис Немцов и Михаил Касјанов изјавија дека изборите се нерегуларни и најавија протести по нивното завршување.
„Јас напишав дека на Русија и се потребни фер избори и ги прешкртав имињата на сите кандидати. Гласав против сите, не затоа што не поддржувам ниту еден од нив, туку поради тоа што ова не се избори, туку фарса. Јас мислам дека мора да се бориме за фер избори, вели Немцов“.
„Нема да го признаеме претседателот како легитимен и како претседател на сите Руси и ние не ја признаваме Думата, која не ги презентира политичките ставови и не ги преставува интересите на жителите на земјата. Утре започнува нова фаза и нов бран на протести против она што се случува во Русија и ние ќе бараме предвремени избори, вели Касјанов“.
На истиот став и претседателскиот кандидат Генади Зјуганов, кој вели дека има доста факти кои укажуваат на нерегуларности на гласањето.
„Има организирано гласање, на неколку изборни единици во Москва. Ние имаме систем на мониторинг кој добро функционира. Изманиците кои се обидуваат да ги наместат изборите ќе им биде потешко да ја остварат нивната замисла овој пат, вели Генади“.
Некои од илјадниците набљудувачи кои волонтираат на гласањето на интернет постираа доказ за нерегуларност при гласање, но првиот човек на Централниот изборен комитет, Владимир Чуров ги отфрли обвинувањата. Од владејачата партија Обединета Русија велат дека транспарентноста на изборите треба да им биде модел на другите земји. Георги Фјодоров, кој е член на Советодавниот орган на Јавната комора изјави дека изборите се подобро организирани од декемвриските во смисла на технологијата и процедурата.
Еден од набљудувачите Сергеј Коболов вели дека виделе голем број на гласачи кои со автобус пристигнале во изборните единици и сите гласале со ливчиња за отуство.
„Кога ги прашавме тие луѓе од каде доаѓаат, тие одбија да ни дадат одговор. Судејќис поред регистарските теблички на возилата сфативме дека дошле од околината на Москва, вели тој“.
Адвокатот и антикорупциски блогер, Алексеј Навални вели дека е јансо оти имало нерегуларности кои влијаат на гласањето со што се потврдува уште еднаш дека изборите не се фер. Според него дури ни процедурата на гласање не е фер ни вистинита.
„Има толку многу случаи на таканаречено рингишпил гласање, каде луѓето со автобус се превезувани до изборните единици за да гласаат неколку пати. Тоа е примитивно и лесно може да биде регистриран од изборните набљудувачи. Има такви случаи во москва и во Санк Петерсбург, каде властите се свесни дека има многу набљудувачи, но и покрај тоа се вршат прекршувања на изборниот процес, вели Навални“.
На изборите има околу 685 акредитирани набљудувачи, од кои 219 се од ОБСЕ. Распоредени се повеќе од 300 илјади полицајци кои ќе се грижат за безбедноста, а се гласа во 91 илјади изборни единици низ земјата.