Достапни линкови

Почетокот на крајот на СССР


Борис Јелцин на протестите против обидот за државен удар за соборување на Горбачов. Москва 19.08.1991
Борис Јелцин на протестите против обидот за државен удар за соборување на Горбачов. Москва 19.08.1991

20 години од почетокот на распадот на Советскиот Сојуз - во некои од 15-те држави напредок и демократија, во други деспотизам.

Денеска се одбележуваат 20 години од пропаднатиот државен удар во Советскиот Сојуз, кој потоа доведе до негов дефинитивен пад. Тврдото крило на тогашната Комунистичка партија на 19 август 1991 година, се обиде да го собори претседателот Михаил Горбачов, кој ги започна перестројката и гласноста. Државниот удар не успеа и поради народниот отпор во кој беше вклучен и Борис Елцин, кој потоа стана прв претседател на постсоветската Руска Федерација.



По распадот на Советскиот Сојуз, 20 години подоцна егзистираат 15 независни држави. Меѓутоа за граѓаните на овие земји, независноста
Да беа деца, овие држави сега ќе беа полнолетни, што значи ќе можеа самостојно да носат одлуки.

донесе и различен развој. Меѓу нив има земји со силна демократија, како Естонија, Литванија и Летонија, но и држави со автократија и деспотизам, како на пример во Узбекистан, Туркемнистан и Белорусија. Има и такви земји кои се нешто помеѓу двете крајности, како Украина, Грузија, Молдавија и Ерменија. Во Русија, Казахстан и Таџикистан владее блага автократија. Оттука и прашањето дали може да се зборува за регион кој се нарекува бивш Советски Сојуз. Томас Де Вал, аналитичар од Карнеги Институтот во Вашингтон вели:

„Секоја година е се потешко да се зборува за земји од поранешниот Советски Сојуз и мораме да го преформулираме овој термин. Да беа деца, овие држави сега ќе беа полнолетни, што значи ќе можеа самостојно да носат одлуки.“

За недемократските делови од бившиот Советски Сојуз, моменталната реалност е далеку од еуфоријата во времето на стекнувањето независност. Борис Немцов во тие бурни времиња беше на
Бев убеден дека падот на комунизмот за неколку месеци ќе донесе подобар живот. Бевме наивни, не само јас, туку и Елцин и целиот тим. За жал, реалноста е многу посериозна и покомпликувана.

страна на опзицијата, а подоцна во владата на Елцин беше заменик премиер. Немцов за Радио Слободна Европа се потсетува на тоа време:

„Бевме романитчари. Верувавме дека патот кон слободата и подобар живот е многу пократок. Бев убеден дека падот на комунизмот за неколку месеци ќе донесе подобар живот. Бевме наивни, не само јас, туку и Елцин и целиот тим. За жал, реалноста е многу посериозна и покомпликувана.“


Де Вал додава дека сите, и истокот и западот го потценија тешкиот процес на изградба на демократијата и слободниот пазар. Државите беа под силно влијание на Русија, а економијата беше советизирана.

Единствено, балтичките држави се надоврзаа на независноста која ја имаа меѓу двете светски војни, а некои други земји пак, како Ерменија и Украина, имаа силна дијаспора која им помогна во зачувувањето на традицијата. Меѓутоа, некои држави почнуваа од нула.

Се разбира, Русија е посебен случај. Премиерот Владимир Путин изјави дека падот на Советскиот Сојуз е најголема геополитичка трагедија на 20-тиот век. И на многумина Руси им е тешко да замислат држава чија иднина е попривлечна од нејзиното минато. Лидери како Путин ја експлоатираат таа носталгија за да воспостават авторитарна власт. Москва и натаму се обидува да го задржи влијанието врз енергетското богатство преку Заедницата на независни држави и Организацијата за колективна безбедност.


Појавата на нова генерација лидери во постсоветските земји кои веруваат во демократија, е следниот чекор кон разбивањето на концептот наречен бивш Советски Сојуз.

Револуциите во Грузија, Украина и Киргистан се значајни чекори во тој правец.

Меѓутоа, аналитичарите наведуваат дека процесот на промени во тие држави е на самиот почеток.
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG