Достапни линкови

130 години од раѓањето на Сталин


Русија вчера ја одбележа 130 годишнината од раѓањето на советскиот лидер Јосиф Сталин. Од една страна со медали и маршеви во негова чест, но и со изложба на која е претставен како човек одговорен за смртта на милиони луѓе за време на неговото речиси триесет годишно владеење.

Додека беше на власт милиони советски граѓани загинаа во затворските кампови и во кампањите за депортирање на етничките заедници. Сепак, Сталин останува една од најпопуларните руски историски личности, кој, како што се наведува, го поведе Советкиот Сојуз во големата победа против нацизмот во Втората светска војна. Овој триумф Сталин вака го објави на советското радио на 10 мај 1945 година:

,,Другари. Големата татковинска војна заврши со наша целосна победа. Периодот на војната во Европа заврши. Веќе почна период на мирен развој.,,
Мислам дека не треба да се прави ништо на овој ден, бидејќи тоа не е посебен ден. Фактот што тој воопшто стана посебен ден во Русија е огромен проблем и прави хаос во главите на нашите луѓе и во општеството...

Јосиф Џугашвили Сталин е роден на 21 декември пред 130 години во грузискиот град Гори. Комунистичката партија на Русија секоја година го одбележува со поставување венец на неговиот гроб во Кремљ и со многу маршеви во негова чест. Меѓу нив има и познати спортисти, како поранешниот светски шаховски шампион Aнатолиј Карпов. Комунистите веќе упатија апел за мораториум на критиките на контроверзниот лидер, за да им овозможи на луѓето да размислуваат за неговите достигнувања.

Една неодамнешна анкета покажува дека повеќето Руси сметаат дека режимот на Сталин бил добар. Во минатата година тој го зазеде третото место во анкетата во која се избираше кој е најголемиот русин. Пред него беа војсководачот од 13 век Александар Невски и реформистот од почетокот на 20 век Петар Столипин.

Политичкото воскресение на Сталин коинцидира со подемот на Владимир Путин во текот на изминатата деценија. Многумина критичари сметаат дека Кремљ намерно го фали Сталин за да го задоволи ентузијазмот на јавноста за нова генерација на силни руски лидери. Таквите трендови се длабоко вознемирувачки за активистите како Ирина Шербакова од организацијата за човекови права Меморијал која е формирана во чест на жртвите на сталинистичките репресии
Stalin Returns To The Moscow Metro
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:25 0:00

,,Мислам дека не треба да се прави ништо на овој ден, бидејќи тоа не е посебен ден. Фактот што тој воопшто стана посебен ден во Русија е огромен проблем и прави хаос во главите на нашите луѓе и во општеството.,,

Повеќе од 30 отсто од луѓето би сакале и денес да го видат Сталин како водач. Затоа пред извесно време многу изненади рускиот претседател Дмитриј Медведев кога отворено го критикуваше режимот на Сталин. Говорејќи на видео блог на Денот за сеќавањето на жртвите на политичките репресии, Медведев ги оцени чистките на Сталин за една од најголемите трагедии во историјата на Русија. Тој притоа изрази убедување дека не постои развој на една земја што може да се постигне на сметка на човечката мака и човечките страдања и жртви.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG