Достапни линкови

Амнести: Замислете свет без страв од казни


Замислете го светот во кој секое лице може да има пристап до информации и да учествува во носењето одлуки без страв од казни. Во последниот извештај на Амнести Интернешенел се вели дека минатата година ја понуди токму таа слика, со додавка дека многу влади, пак, се порешителни во намерата да се борат против промените.

Амнести Интернешнел го објави годишниот извештај за човекови права, кој е фокусиран врз се поголемите барања за слобода и правда низ Блискиот Исток и Северна Африка и можноста која ја нудат социјалните мрежи за промена на ситуацијата. Во извештајот се следи судбината на илјадници борци за човекови права кои биле уапсени, подложени на тортура или убиени во земјите како Авганистан, Кина, Русија, Турција и Узбекистан.
Нотирано е и дека состојбата се влошува во Украина, Белорусија и Киргистан, како и во конфликтните земји и региони како Ирак и Северен Кавказ.

Звукот на промени започна во Тунис, што доведе до уривање на раководството на земјата и предизвика бран демонстрации на Блискиот Исток и Северна Африка.

Генералниот секретар на „Амнести интернешнал“, Салил Шети, вели дека тоа беше и година на отворени информации која преку социјалните мрежи овозможи сигурен пристап и организирање на заедниците.

„Зближувањето на луѓето, противењето на угнетување, е она за што ние се залагаме и ние сме навистина инспириран од она што се случи и што се случува со движењето за човекови права во целиот свет во оваа значајна година.“

Програмската директорка за Европа и Централна Азија, Никола Дакворт, зборува за состојбата со човековите права во дел од земјите на регионот:

Амнести: извештај за Европа и Централна Азија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:18 0:00


Според Амнести Интернешенел, поставени се темелите за ера на невидени промени во поголемиот дел на светот.

Но, организацијата, исто така, предупреди дека овој момент репресивните и корумпирани влади работат за ја спречат револуцијата на својот терен. Станува збор за политичката репресија во Иран, загриженоста за безбедноста во Ирак, Пакистан и Авганистан.

На Балканот и во поранешниот Советски Сојуз, кршењето на човековите права остануваат како дневни стандарди, според кои, владите систематски ја угнетуваат слободата на говорот, слобода на собири, како и правата на жените, активистите, бегалците и малцинствата.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG