Мојата прва колумна во оваа година за Радио Слободна Европа сакам да ја започнам со почит кон загинатите од терористичкиот напад во редакцијата на магазинот „Шарли Ебдо“ во Париз, Франција. Изразувањето на говорот и мислата на познатите карикатуристи е пресликано преку перото од нивните раце во познатиот сатиричен магазин кој со години е присутен меѓу неговите потрошувачи.
Студентскиот пленум уште еднаш го кажа својот став, а тоа е повлечете го законот, па да разговараме. Во моменталната ситуација во однос на овие жешки релации професори-Влада, службени бодови зедоа студентите.
Првата недела од месец јануари донесе многу раздвижувања. На Блискиот Исток продолжуваат воените активности, во Македонија протести и прес-конференции за високото образование. Од страна на Професорскиот пленум пред хотелот Александар Палас во Скопје се одржа прес конференција за повлекување на Законот за високо образование со мерки на негово доработување, но за почудно да биде на нивната прес се појави премиерот Груевски за да ги покани на кафе и вода во Собранието на Македонија за таму да го продолжат дијалогот. Па, така сите поканети гости кои беа во хотелот, по наредба на Премиерот, ги облекоа капутите и во нивните службени и приватни автомобили си влегоа и тргнаа накај Собранието во колона по еден (исто како за на свадба, но без рози) и од пред Собрание се појавија.
Нормално, и другите беа дојдени пред Собрание, но не влегоа, туку одржаа час по демократичност пред медиумите за тоа, кој и како поканува гости во Собранието. За уште почудно да биде, нормално и транспарентно преку директен пренос на Собранискиот канал се гледаше популарното Мапет шоу, кое траеше неколку часа. Па, народе, затоа плаќаме радиодифузна такса. Се поставуваат неколку прашања: Каде е СОНК? Каде се Дојчин Цветаноски и Јаким Неделков? Каде е поддршката од синдикалните организации од нивните матични факултети? Потоа ќе се истакни дека вистински социјален дијалог е ако социјалните партнери се рамноправни.
Но, Студентскиот пленум уште еднаш го кажа својот став, а тоа е повлечете го законот, па да разговараме. Во моменталната ситуација во однос на овие жешки релации професори-Влада, службени бодови зедоа студентите. Но, како и да е, ќе ги видиме резултатите наскоро.
Ќе се случат ли нови протести околу ова законско решение од страна на организациите, новинарите, актерите и други групи кои се опфатени со овој Закон.
Во овој месец на сила стапија новите законски регулативи за хонорарците. Што ли ќе се случи со нив? Недоразбирањата околу ова прашање остануваат сè уште нејасни. Како ќе биде направена пресметката. Дали УЈП ќе ја надогради досегашната програма за пресметување на данокот и останатите давачки? Ќе се случат ли нови протести околу ова законско решение од страна на организациите, новинарите, актерите и други групи кои се опфатени со овој Закон.
Но, во последен момент добивме уште еден лош знак од страна на Владата, а тоа е дека ќе се реализираат неколку измени и дополнувања во Законот за банки каде сега покрај УЈП увид на сметките од граѓаните ќе има и МТСП, АВРМ и ФЗО со писмено одобрување од банките. Ова е голема злоупотреба на приватноста на граѓаните од страна на државните институции.
Дали имаме уште предизвици за решавање?
Дали заканите кои ни престојат ќе можат да се претворат во можности?
Дали ова пролет во Македонија ќе има нови предвремени парламентарни избори???
Драги читатели, ако поминувате низ тешкотија и се прашувате каде е Господ, сетете се дека учителот секогаш молчи за време на тестот!