Достапни линкови

Над 140 амандмани за образованието


Досега се поднесени над 140 амандмани од пратениците, кои во најголем дел се однесуваат токму на предлог законот за високо образование.

Второто читање на Предлог законот за изменување и дополнување на законот за високо образование сè уште не е предмет на расправа пред матичната комисија. Претседателката на Комисијата за образование, наука и спорт Олга Најденовска за време на расправата на еден од амандманите поднесени од ДПА кои се однесуваа на предлог измените за законот за средно образование побара пауза од пет минути, која траеше повеќе од три часа.

Од Студентскиот и Професорскиот пленум вчера соопштија дека ќе земат учество во дебата само доколку биде повлечен прелог законот за високо образование.

Второто читање на пакетот измени во високото образование е последна точка на дневниот ред. Претходно, членовите на комисијата расправаа за измените во законот за основно и средно образование. Досега се поднесени над 140 амандмани од парламентарното мнозинство, ДПА и независните пратеници, кои во најголем дел се однесуваат токму на предлог законот за високо образование.

Од Студентскиот и Професорскиот пленум вчера соопштија дека ќе земат учество во дебата само доколку биде повлечен прелог законот за високо образование како одговор на повикот на премиерот Никола Груевски да поднесат сугестии и аргументи против истиот. Од Студентскиот и Професорскиот пленум побараа од претседателот Ѓорге Иванов да стави вето на предлог законот, кој очекуваат да биде изгласан, а доколку тоа не се случи, порачаа дека разгледуваат начини за изразување на револтот. Претседателот Иванов не се изјасни по нивното барање.

Во меѓувреме денеска нова група професори од универзитетите од Македонија се приклучија кон иницијативата за реформи во високото образование и поддршка за државниот испит.

Седницата на Комисијата требаше да се одржи вчера, но беше одложена за еден ден во очекување на нови предлози и за евентуално подобрување на предлог-законот за високо образование. Најденовска тогаш изјави дека единствена причина за одложувањето е да се остави време за сугестии во однос на пакетот образовни реформи.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG