Достапни линкови

Завршени двете заложнички драми во Франција


Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Париз
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:44 0:00

Tројцата напаѓачи се убиени во две речиси истовремени акции на француските безбедносни сили.

Завршени се двете заложнички драми во Франција, а тројцата напаѓачи се убиени во две речиси истовремени акции на француските безбедносни сили.

Новинската агенција Франс прес, пак, повикувајќи се не неименуван безбедносен извор, објави дека во продавницата има петмина мртви, меѓу кои и напаѓачот.

Едниот настан се случи во градот Демартин ен Гоел, каде што браќата Шериф и Саид Куачи, осомничени за завчерашниот напад врз францускиот сатиричен неделник Шарли Ебдо во Париз, во кој беа убиени 12 луѓе, беа опколени во една печатница каде што држеа најмалку еден заложник.

Другиот настан се случи во кошер-продавница во еврејски кварт во источен Париз, каде што еден напаѓач, кој беше идентификуван како Амеди Кулибали, држеше во заложништво петмина луѓе.

Сè уште нема информации за судбината на заложниците, но на телевизиските снимки можеше да се забележи дека неколку луѓе се евакуираат од зградата каде што е продавницата, откако се слушнаа пет експлозии. Новинската агенција Франс прес, пак, повикувајќи се на неименуван безбедносен извор, објави дека во продавницата има петмина мртви, меѓу кои и напаѓачот.

Тој се закануваше дека ќе ги убие заложниците ако полицијата ги нападне осомничените терористи во Демартин ен Гоел. Полицијата соопшти дека смета оти истиот напаѓач учествувал во вчерашното убиство на полицајка во предградие на Париз.

Полицијата е во потрага и по неговата соучесничката на Кулибали, 26-годишната Хајат Бумедијен. Полицијата објави нејзина фотографија со предупредување дека се смета за вооружена и опасна.

Уште една заложничка драма во Париз
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:34 0:00

Претходно, роднини од Израел на заложниците во кошер-продавницата во Париз, велат дека меѓу заробените има четиригодишно момче и шестмесечно бебе. Пред почетокот на акцијата, полиција им нареди на околните дуќанџии да ги затворат продавниците како превентивна мерка против можни нови напади.

Заложничката драма во кошер-продавницата изби неколку часа откако полицијата ги опколи осомничените за завчерашниот напад во една печатница во гратчето Дамартин ен Гоел североисточно од Париз.

Заложничката драма во кошер-продавницата изби неколку часа откако полицијата ги опколи осомничените за завчерашниот напад во една печатница во гратчето Дамартин ен Гоел североисточно од Париз.

Властите во текот на денот соопштија дека воспоставиле телефонски контакт со осомничените во печатницата, браќата Куачи, и преговарале за безбедна евакуација на 900 луѓе од блиското училиште. Биле евакуирани и други објекти во околина.

Во полицијата изјавија дека браќата рекле оти „сакаат да умрат како маченици“.

Полицијата ги опколи осомничените во северна Франција
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:48 0:00

Во нападот врз весникот Шарли Ебдо во Париз на 7 јануари беа убиени 12 луѓе, меѓу кои осуммина новинари и двајца полицајци.

Преживеаните вработени во неделникот Шарли Ебдо, пак, денеска почнаа да работат на новото издание на весникот. Тие работат во простории што им ги позајми францускиот весник Либерасион.

Весникот постојано добиваше закани поради објавувањето карикатури на пророкот Мухамед.

Очевидци на нападот тврдат дека напаѓачите кои носеле маски рекле дека се припадници на Ал Каеда од Јемен. Напаѓачите рекле дека сакаат да го „одмаздат пророкот“.

Премиерот Мануел Валс рече дека Франција е во војна против тероризмот, но оти „не е во војна против религијата“.

Претседателот Франсоа Оланд рече дека Франција мора да „се обиде да поттикне дури и посилна превенција против можни повторувања“ на вакви настани.

Браќата Куачи се на листата на осомничени терористи на САД и имаа забрана за летање во оваа земја.

Новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на јеменски разузнавачки извор, објави дека 34-годишниот Саид Куачи го посетил Јемен во 2011 година, каде што се сретнал со сега убиениот проповедник на Ал Каеда, Анвар ал-Авлаки.

Неговиот 32-годишен брат Шериф во 2008 година беше обвинет за поврзаност со мрежата која испраќала исламистички милитанти да се борат против американските војници во Ирак.

Исламската држава го пофали нападот врз францускиот весник, нарекувајќи ги напаѓачите „херои џихадисти“.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска изјави дека на следниот самит, ЕУ ќе дискутира за антитерористичките напори по „варварскиот“ напад во Париз. Тој рече дека има намера да го искористи самитот на 12 февруари за поширок одговор на ЕУ за овие предизвици.

Преживеаните вработени во неделникот Шарли Ебдо, пак, денеска почнаа да работат на новото издание на весникот. Тие работат во простории што им ги позајми францускиот весник Либерасион. Нив ги посетија премиерот Мануел Валс и министерот за култура Флур Пелерин.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG